Во Цер одбележана 110 годишнината од смртта на Христо Узунов

По повод одбележувањето на 110 години од херојската смрт на охридскиот војвода Христо Узунов, претпладенево беше положено цвеќе на бистата на херојот во градскиот парк, а свеченостите што ги организира Општина Охрид, продолжија со поклонение за војводата пред спомен обележјето на неговата херојска погибија во селото Цер- Кичевско. Пред спомен обележјето во селого Цер, се одржа панахида за Христо Узунов, а свежо цвеќе положија бројни делегации. Присутните ги поздрави и пригоден говор одржа градоначалникот Никола Бакрачески. „Споменот на една од најмаркантните личности и госростаси на Македонската револуционерна борба, охридскиот војвода…

повеќе...

Обука за управување со постојани музејски поставки и збирки и користење на новите технологии

Во согласност со една од приоритетните програмски активности на Министерството за култура за континуирано зајакнување на знаењата и вештините на музејските работници во Македонија, Британскиот совет во соработка со Министерството за култура на Република Македонија организира обука за управување со постојани музејски поставки и збирки и користење на новите технологии, со цел привлекување на публика. Обуката, која утре и задутре (23 и 24 март) ќе се одржува во „Порта Македонија“, е во функција на поддршката на проектите на Министерството за култура, кои се однесуваат на воспоставување постојани поставки и осовременување…

повеќе...

72 години од формирањето на КПМ

Здружението на Титоисти испрати соопштение по повод одбележувањето 72 години од формирањето на Комунистичката партија на Македонија. „Во редот значајни датуми во Македонската историја, секако е и денешниот ден, 19-ти март, кога се навршуваат 72 години од формирањето на Комунистичката партија на Македонија, во виорот на најзначајните борби за ослободување на нашата татковина во Втората Светска Војна. Партијата, која беше предвесник на промените во социјалистичкото македонско општество, во куќата на семејството Јовановци во Тетово, ја формираа видни македонски дејци, чии идеи за зајакнување и за просперитет на државата, беа столбови…

повеќе...

Вевчани слави патронат на ОУ „Страшо Пинџур“ и 180 години образование

Денес Вевчани и неговото училиште слават два празници, патронат и 180 години образование во Вевчани. Основното училиште „Страшо Пинџур“ од Вевчани е едно од првите основни училишта во Македонија на мајчин јазик. Неговото институционално раѓање во 1835 година доаѓа како резултат на вековниот стремеж на Вевчанци постојано да бидат во чекор со прогресот, а своето културно издигнување да го темелат на науката и знаењето. Низ својот долгоизоден пат, образованието имаше и подеми и падови. „Чувствуваме потреба накратко хронолошки да го проследиме образованието од далечната 1835 година од неговите зачетоци, откако…

повеќе...

Одбележана годишнината од смртта на Марко Бошнаков

Делегација на општина Охрид предводена од претседателката на Советот, Гордана Коњановска денес положи свежо цвеќе пред спомен плочата на Марко Бошнаков, по повод 107 годишнината од неговата смрт. Свежо цвеќе во чест на Бошнаков положија и делегации од политичките партии, од охридскиот Завод и музеј и ученици од ОУ „Христо Узунов“. Марко Бошнаков е роден во Охрид во 1874-та година. Основното образование го стекнал во родниот град, а како средношколец учел во Солунската Гимназија. Бил сведок на создавањето на македонскиот револуционерен комитет во Солун со што, всушност се означил почетокот…

повеќе...

143 години од раѓањето на Гоце Делчев

Македонија денеска одбележува 143 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев. Гоце Делчев, визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, роден е на денешен ден во 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до…

повеќе...

Според истражувањата на SBRG геоглифот во Македонија можеби е поврзан со кралско семејство

Мултидисциплинарните студии на геоглифот кој се наоѓа на ридот Канда во Овче Поле, откриваат серија на неверојатни карактеристики на античките структури, вклучувајќи вештачка изградба на ридот за астрономско усогласување со соѕвездието Касиопеја, што може да укажува на врска со македонски член од кралско семејство. Истражувањето беше спроведено од страна на Истражувачката група на СБ (SBRG), меѓународен и интердисциплинарен тим на истражувачи (од Италија, Хрватска, Србија, Финска и Велика Британија), кои ги комбинираа астрономијата, филозофијата, митологијата, математиката и физиката во студијата на древни локалитети и храмови во Европа. SBRG комбинираше повеќе методи, вклучувајќи и…

повеќе...

Честитка од СДСМ Охрид по повод 11 Октомври – Денот на народното востание

Општинската организација на СДСМ од Охрид на сите граѓани им го честита големиот државен празник 11 Октомври Денот на востанието на Македонија. „На овој свечен ден повикуваме на сплотеност и единство на сите наши сограѓани без разлика на вера, нација или политичка определба. Нашите предци, борците за слободна Македонија и создавачите на нашата татковина се оние кои денес ги славиме и на кои им оддаваме длабока почит. Нека ни е вечен 11 Октомври!“ – стои во честитката од ОО на СДСМ Охрид. Високи партиски функционери на СДСМ, членови на ЦО и…

повеќе...

Честитка од претседателот Иванов по повод 11 Октомври, Денот на народното востание

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание во Република Македонија упати честитка до граѓаните на Република Македонија во која стои: „Нека ни е честит 11 Октомври, Денот на народното востание. На овој историски ден во 1941 со нападите на прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев” врз полициската станица и затворот во Прилеп започна востанието против фашистичката окупација и беше најавена организираната народно ослободителна борба. Преку оваа борба нашиот народ на најдобар можен начин го докажа својот државотворен капацитет и право на изградба…

повеќе...

Утре ќе биде промовиран „Зборник за Охридското востание“

Утре, 7 октомври(вторник), со почеток во 12 часот во Центарот за Култура „Григор Прличев“ (изложбен салон) ќе се одржи промоција на „ЗБОРНИК за Охридското Востание“. На промоцијата свое учество ќе земат видни историчари од Македонија кои беа дел од научно-историскиот собир што се одржа во Охрид и Дебар по повод стогодишнината од Охридското востание. Промоцијата е од отворен карактер!

повеќе...