Одржан годинешниот општински натпревар „Млади библиотекари“

Од НУ – Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид информираат дека на 29.09.2017 година во просториите на Библиотеката се одржа годинешниот општински натпревар „Млади библиотекари“. На натпреварот учествуваа 18 ученици од 6 основни училишта од Охрид и околината од кои најдобар успех покажа Елена Лангоска, ученик од VIII одделение од ОУ „Ванчо Николески“ од с.Лескоец под менторство на библиотекарот Ана Пупиноска Стојкоска. Победничката од натпреварот ќе учествува на Републичкиот натпревар кој ќе се одржи на 03.11.2017 година.

повеќе...

Натпреварот Вардар – Фенербахче ќе биде организиран по примерот на УЕФА Супер-Купот

Натпреварот помеѓу Вардар и Фенербахче кој што ќе се игра утре (четврток) со почеток во 20:00 часот на „Телеком Арената“, во договор со МВР, ќе биде организиран по примерот на европскиот Супер-Куп кој што се одигра минатата недела. ФК Вардар доби казни од страна на УЕФА за минатите два натпревари, за истакнување на неонацистички знамиња, за употреба на пиротехника, за седење на скали и за извикување против УЕФА. При влезот ќе бидат одземени секаков вид на знамиња и пиротехника, а секој оној кој ќе седи на скали ќе биде веднаш…

повеќе...

Одиграно финалето од турнирот во мал фудбал за јуниори во Велгошти

Синоќа во Велгошти се одржа финалето од турнирот во мал фудбал за јуниори, на кој учествуваа 20 екипи од Охрид и Струга. Организатори на турнирот се Климент Калачоски и Димитар Балески со помош на директорот на ОУ „Живко Чинго“ – Ѓоко Чингоски. Синоќа се одиграа финалните натпревари. Во борбата за трето место, екипата на Црногорци забележа победа од 3:2 против тимот од Лескоец. Првото место го освои екипата Beast, која со 5:2 го совлада Boss Burger. На овогодинешниот турнир беа доделени парични награди и пехари. Прво место – пехар, медали…

повеќе...

Спортски натпревар во ОУ „Кочо Рацин“ по повод завршувањето на учебната година

Во ОУ „Кочо Рацин“ Охрид, се одржа спортски настан по повод завршувањето на учебната година, но и во чест на успехот на РК „Вардар“. Како што информираат од училиштето, по извршена анкета било одлучено дека најомилени спортски активности на основците им се фудбал, ракомет и кошарка. Беше одржан натпревар помеѓу родителите и учениците и со нив учителката. На натпреварот победија учениците со резултат 2:5.

повеќе...

Голем успех на учениците од ОУ„Григор Прличев“ на Државниот натпревар по Природни науки

Учениците од одделенска настава од V и IV одд. од ОУ„Григор Прличев“ Охрид на Државниот натпревар по Природни науки кои се одржаа изминатиот викенд остварија голем успех. На Државниот натпревар по Природни науки Петар Крцоски ученик во V одд. под менторство на одд.нас.Наташа Драгичевич освои прва награда со освоени максимални поени, Јана Патчева ученик во V одд. под менторство на одд.нас.Наташа Драгичевич освои втора награда, Ивана Веруш и Софија Милевска ученички во V одд. под менторство на одд.нас.Наташа Драгичевич освоија трета награда. На Државниот натпревар по Природни науки покрај петтооделенци…

повеќе...

Македонија ќе игра пријателски натпревар против Турција на 5 јуни во Скопје

Македонската А репрезентација на 5 јуни ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Турција на Националната арена во Скопје. Против селекцијата на Турција имаме одиграно седум натпревари со биланс од една победа, реми и пет порази. Во 1994 и 1995 година двапати загубивме на контролни пресметки со 0:2 и 1:2, а во квалификацискиот циклус за СП 2002 година на „Градски“ загубивме со 1:2, а на гостински терен одигравме 3:3 (Артим Шакири, Игор Саша Николовски и Жарко Серафимовски). Во квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2004 во Португалија повторно бевме во…

повеќе...

Прво место за ученичка од ОУ „Григор Прличев“ на Државниот натпревар по македонски јазик

На 22.5.2017 во ОУ „Кочо Рацин “ Прилеп се одржа Државниот натпревар по македонски јазик каде ученичката Искра Атанасова –Митуш од ОУ „Григор Прличев“ го освои првото место, под менторство на наставничката Сузана Маленкова. Благодарение на успехот на ученичката следната 2018 година Државниот натпревар по македонски јазик ќе се одржи во ОУ „Григор Прличев“ Охрид.

повеќе...

Успешен настап на ОУ„Кочо Рацин“ на Државниот натпревар „Пионерски семафор“

Овој викенд во Скопје се одржа Државниот натпревар „Детски семафор 2017“ година на кој учество зедоа ученици од Општина Охрид, кои претходно постигнаа одлични резултати на регионалниот натпревар што се одржа во Општина Кичево. Екипата на ОУ „Кочо Рацин“ која беше најдобро пласирана на општинскиот и регионалниот натпревар „Детски семафор 2017“ освои награди и на Државниот натпревар под менторство на проф. Јулија Крстева. Имено, Мартин Димитриевски од ОУ „Кочо Рацин“ Охрид го освои првото место, а во екипен пласман на Државниот натпревар „Детски семафор 2017“ екипата на Општина Охрид, го…

повеќе...

Јавен повик за натпревар за најдобро видео во рамки на Националната кампања „Информирај се сега!“

Јавен повик за натпревар за најдобро видео во рамките на Националната кампања „Информирај се сега!“ Во рамките на Националната кампања „Информирај се СЕГА!“ Коалиција СЕГА со  Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенцијата за Млади и Спорт (АМС) и Универзитетот Гоце Делчев, Штип организираат Натпревар за најдобро видео кое најдобро ќе ги прикаже перфомансите на мобилната апликација Млади АМС. (Мобилната апликација е достапна на следниот линк.) Наградниот Фонд за најдобро видео изнесува 500 евра во денарска противвредност, и истиот го доделува Агенција за млади и спорт.   Критериуми за учество: Студенти на…

повеќе...

Ученик од ОУ „Григор Прличев“ меѓу најуспешните на Државниот натпревар по информатика

И оваа учебна година ученикот Христијан Дончески VII одделение од ОУ „Григор Прличев“ повторно меѓу најуспешните. На XI-тиот државниот натпревар по информатика за апликативни вештини го освои II место. Под водство на менторот Марина Џепароска Танасоска со Halloween game се здоби со бесплатна обука во Semos edukacija.

повеќе...