Од страна на Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството со аквакултурата) со седиште во Охрид интензивирани се контролите по угостителските објекти, рибарници и на останати овластени субјекти кои вршат промет на риба на Охридско – Струшката ривиера. Во акција спроведена од Државниот инспекторат за земјоделство на ден 01.08.2013 год, извршени се повеќе надзори и контроли во угосителски објекти на Охридската ривиера. При надзорите констатирано е дека дел од субјектите кои се исконтролирани во делот на затекнатата риба која е наменета за промет во…
повеќе...Tag: охридско езеро
Утре ќе се одржи Пливачки митинг „Св.Климент Охридски“
Утре, со почеток во 09:15 часот во организација на Ј.П. „Билјанини Извори“ и Пливачки клуб „Охридски бранови 2008“, а под покровителство на Општина Охрид на Градскиот базен „Атина Бојаџи“ ќе се одржи Пливачки митинг „Св Климент Охридски“. На пливачкиот митинг ќе се пливаат 5 (пет) дисциплини. Митингот е промотивен со тенденција да прерасне во традиционален.
повеќе...Презентиран проектот „Превенција и безбедност во и околу вода“
Полициската станица за граничен надзор на Охридско Езеро, преку мисијата на ОБСЕ, заедно со Црвениот Крст Охрид и Капетанијата го реализираа проектот „Превенција и безбедност во и околу вода“. Како што кажа портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски, овие три субјекти се партнери во реализирањето на многу проекти и активности на полицијата, а пред се имаат превентивен карактер. Командирот Џајко Џајкоски од Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро денес го презентираше проектот со PowerPoint презентација, на која што присутните имаа можност да видат и слушнат низа корисни информации. „Многу…
повеќе...Запленет глисер во водите на Охридското Езеро
Мобилните царински екипи викендов запленија моторен чамец-глисер EVINRUDE – HUSTLER 75943. На 03.08.2013 година, при вршење контрола на пловните објекти во водите на Охридско Езеро, царинските инспектори, во соработка со припадници на Капетанијата и Езерската Полиција на Охридско Езеро, кај плажата Горица 3 запреа моторен чамец-глисер со италијански регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин. При контролата е утврдено дека глисерот бил внесен во Република Македонија пред седум години без за него да биде спроведена соодветна царинска постапка и да бидат платени царински давачки. Сопственикот не поседувал никаква документација за да…
повеќе...За првпат подводни снимки во македонски филм
Откако падна последната клапа на филмот „Деца на Сонцето“, режисерот Антонио Митрикески, заедно со директорот на фотографија Јарек Шода и неговиот тим од двајца полски сниматели, и со екипата од професионалното друштво нуркачи „BOTTOM TIME“ од Охрид снимаа подводни сцени потребни за филмот. Имено, ова е куриозитет за македонската кинематографија, бидејќи за првпат на филм се снимаат подводни сцени со актери. Според приказната на филмот, актерите Владо Јовановски, Мето Јовановски и Билјана Танески, снимија предходно нуркачки сцени, како влегуваат во вода во потрага по непроценливо античко богатство, кое, се крие…
повеќе...Заврши мини летото „На зајдисонце“ во Трпејца
Со изложба на етнолошки предмети сопственост на семејства од Трпејца синоќа беше заокружено второто издание на културно – забавното лето „На зајдисонце“. Мини – летото се одржуваше под покровителство на Општина Охрид, а го организираше здружението „За Трпејца со љубов“ во соработка со Месната заедница од село Трпејца.Во терминот од 20 до 28 јули на отворено беа одржани редица културни и забавни настани чија цел беше да го привлечат вниманието на трпејчани, но уште повеќе на туристите . Понудените содржини како вовед во развојот на алтернативниот туризам се покажаа интересни…
повеќе...Пијанистката Марија Ѓошевска вечерва на „Охридско Лето“
Вечерва со почеток во 21:00 часот во предворјето на црквата Св.Софија на репертоарот на „Охридско Лето“ е македонската пијанистка Марија Ѓошевска, со изведба на дела од Шуберт, Шопен, Шуман. Марија Ѓошевска е еден од најистакнатите и најактивни пијанисти во Република Македонија со врвни професионални перформанси, виртуозност и изразита индивидуалност. Марија Ѓошевска дипломира, магистрира и докторира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на истакнатиот педагог проф. Борис Романов. Добитник е на повеќе награди на државни и меѓународни натпревари. Како солист и камерен музичар настапува на бројни реномирани меѓународни…
повеќе...Капетанот управува и поздравува капетански дури и на копно
Летото е најкреативниот период, иако повеќето луѓе се на одмор. Децата уживаат безгрижно и се најсреќни во близина на родителите, особено крај татковците и нивните вештини во возењето. Објективот на WebOhrid го затекна капетанот на Охридската капетанија Горан Устијаноски како ужива со своите мали капетанчиња, возејќи крај каналот Студенчишта на неговата руска машинерија од минатиот век, поточно моделот ДНЕПР К-650 од времето на СССР. WebOhrid
повеќе...Се расчистува езерската алга покрај градскиот кеј
Од вчера екипите на „Јавна хигиена“ започнаа со секојдневно чистење на крајбрежниот појас на потегот од градското пристаниште до х.Палас. Во овој период од годината езерската алга е во процес на скапување и се натрупува покрај градскиот кеј па затоа по налог на Комуналната инспекција се презедоа активности за расчистување на истата. Покрај рачното расчистување се користи и специјално возило за чистење на септички јами со кое окрекот директно се вшмукува од езерските води. Активностите се извршуваат уште од 03:00 часот рано наутро како не би им попречувале на прошетките…
повеќе...Отворено второто издание на Културно забавното лето „На зајдисонце“ во Трпејца
Од вчера под генерално покровителство на Општина Охрид и во организација на Здружението за промоција и развој „За Трпејца со љубов“, по втрпат, започна трпејчкото културно соарè наречено „НА ЗАЈДИСОНЦЕ“. Оваа година манифестацијата ја отвори ансамблот „Билјана Јуниор“. Беше отворена и изложба на дела од Мајкл Клос, академски сликар од македонско потекло кој живее и работи во Канада. Проследуваме десетина фотографии од свеченото отворање, од пред преполнетиот мал плоштад „КАЈ БУНАРОТ“. WebOhrid / фото: Дим Дон
повеќе...