Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рамон Абароа Каранза, на којашто се разговараше за актуелната политичка ситуација и за назадувањето на земјата во европските интеграции. Преку воспоставување целосна контрола врз медиумите, затворање и казнување на критичките медиуми и тоталната контрола врз институциите на системот, оваа власт покажа дека унапредувањето на демократските процеси во земјата и европските интеграции не се нејзин приоритет, посочи заменик претседателката Шекеринска. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, како најголема опозициска партија има обврска кон граѓаните на Р.Македонија да ја врати…
повеќе...Tag: партија
Тунтев: Приведувањето на поранешниот градоначалник Петрески претставува политичка хајка и пресметка со неистомислениците на власта
ОО на СДСМ Охрид одржа прес-конференција на која што се обрати претседателот на ОО СДСМ, Томислав Тунтев, кој истакна: „Дали на власта и треба нов политички прогон со монтиран судски процес за одвлекување на вниманието на јавноста од секојдневните скандали и случувања кај нас? Изгубената доверба во судството, селективна правда, контролата на власта врз судството и политички притисок врз судиите, нотирани во Извештајот на ЕК, Извештајот на американскиот Стејт департмент и извештаите на други меѓународни организации, оставаат сомнеж дека и овој случај на приведувањето на поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески претставува политичка хајка и…
повеќе...ЛДП: Општина Охрид си даде автогол и призна дека не е на ниво на задачата
ОО на ЛДП Охрид, денес испрати реакција, во кое се вели: „Општина Охрид, не треба да чекате ЛДП да ви помогне за да откирете како што велите- црни сценарија, кога ги имате сите правни инструменти и информации во ваши раце. Вие, денес место да обвинувате и да барате претставници на ЈП да коментираат штетност на договорот, можевте на сосема професионален начин да дадете информација до граѓаните на барање на советник. Очигледна е вашата непостојаност. Вчера изјавивте дека нашето барање е без аргументи и неосновано, а денес изјавувате дека помагаме во…
повеќе...Општина: Најважно од се е што општина Охрид го исплати долгот за потрошената струја на ОУ „Григор Прличев“
Општина Охрид испрати реакција во врска со соопштението на ОО на ЛДП, во која стои: „Општина Охрид изразува жалење што проблемот со електричната енергија во ОУ „Григор Прличев“, ЛДП- Охрид го злоупотреби за добивање ниски политички поени, при што ги злоупотребува и потребите на ученици односно нашите деца. Градоначалникот Никола Бакрачески на вчерашната вонредна Седница која беше свикана по негова иницијатива, се заблагодари на сите советници од градскиот Совет за поддршката при донесување на одлуката со која општината се обврза да го исплати долгот што ОУ “Григор Прличев“ го имаше …
повеќе...ЛДП: Бараме повторно разгледување на можностите за преговори со ЕВН
ОО на ЛДП Охрид, денес испрати реакција во врска со вчерашната вонредна седница на Советот на Општина Охрид. Во реакцијата стои: „ЛДП ја поздравува вчерашната одлука на советот на Општина Охрид, иако смета дека е недозволиво неколку денови учениците на основното училиште Григор Прличев да посетуваат скратена настава . Уште повеќе, сакаме да потенцираме врз основа на законските рамки Градоначалникот за оваа вредност и за ваков вид позајмица можеше да решава без советниците и без медиумската помпа со вонредна седница. Со ова, за жал не само што не се решава…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се удави во жив песок
Во врска со соопштението на ОО на СДСМ Охрид, испрати рекација ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во која стои: „СДСМ се удави во жив песок. Партијата која на улица остави стотици луѓе затоа што избега од одговорноста да им ги плати сработените пари, денес се дрзна да дели некаква правда за охриѓани кои работат во воспитно- образовните институции во градов. Како безобразие и срам! Со денешниот потег на локалната власт, односно со започнатиот процес на склучување спогодби за исплата на парични средства кон лицата кои минатата власт работно ги ангажирала во…
повеќе...СДСМ: Јавноста вчера беше сведок дека Никола Бакрачески го демантираше ВМРО-ДПМНЕ
ОО на СДСМ Охрид денес испрати реакција во врска со вчерашната изјава на градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески. Во неа стои: „Во основното училиште Григор Прличев и денеска учениците се мрзнат, а наставата се одвива со скратени часови. ВМРО- ДПМНЕ и Никола Бакрачески се неспособни да ги решат проблемите. Јавноста вчера беше сведок дека Никола Бакрачески го демантираше ВМРО-ДПМНЕ. На 27 ноември, минатата година, на партиска прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, советникот Сашо Донев рече дека сметката на основното училиште Григор Прличев е блокирана како резултат на направени неплатени обврски во…
повеќе...ВМРО-НП предлага план за брзо раздолжување на локалните власти кои би биле помогнати директно од ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид
ОК на ВМРО-НП Охрид денес испрати соопштение до медиумите, во кое се вели: „Предлагаме ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид како најбогата партија во градот, со баснословно скап имот да пристапи кон продажба на истиот или доколку не се сака да се губи време, предлагаме партијата веднаш да ги стави новите простории во центарот на Охрид како залог и гаранција за долговите за електрична енергија на ОУ „Григор Прличев“ или СРЦ „Билјанини Извори“. Богатството на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид е проценето на околу 300 000 евра, средства кои се доволни да се решат овие…
повеќе...СДСМ: За ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски тесно партиските интереси се поважни и поголеми од интересите на работниците
ОО на СДСМ Охрид, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „ За ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски тесно партиските интереси се поважни и поголеми од интересите на работниците. Власта на Груевски со години наназад поставуваше партиски директори и раководители во ЕМО Охрид, кои го раскрчмија целиот имот на сметка на работниците. Пред година и пол раководството во ЕМО им понуди на дел од вработените во ДООЕЛ ЕМО Дистрибутивни трансформатори да извршат трансфер во ДООЕЛ ЕМО Производство. На работниците им беше ветено дека ќе имаат редовна работа и дека редовно…
повеќе...ВМРО-НП со соопштение по повод исклучувањето на струјата во СРЦ „Билјанини извори“ и ОУ „Григор Прличев“
ОК на ВМРО-НП Охрид, денес испрати соопштение до медиумите,во кое стои: „ВМРО – Народна партија по повод најновите исклучувања на училиштето „Григор Прличев“ и СРЦ „Билјанини Извори“ од најпојувањето на ЕВН, нема да ликува, нема да критикува и да го обвинува СДСМ за тоа дали години се „однесувала“ неодговорно или власта на ДПМНЕ која очигледно не е во состојба и не е способна да ги решава проблемите за кои ветуваше дека ќе ги реши, ниту пак судскиот систем кој влечел спор за експропријација над 30 години. Само јавноста ќе ја…
повеќе...