Тилевски најави партерно уредување, изградба на пешачки и велосипедски патеки во Охрид

Кандидатот за градоначалник на Охрид, од ВМРО-ДПМНЕ, д-р Митко Тилевски денес одржа прес-конференција, на која ги најави новите проекти: Партерно уредување, изградба на пешачки и велосипедски патеки во Охрид. „Охрид заслужува да свети во полниот негов сјај. Охриѓани и туристите заслужуваат нови места за рекреација на современ и модерен начин. Уредувањето на зелените површини во корелација со подигнување на свеста за зачувување и одржување на јавните паркови и зеленила, резултираат со формирање на пријатни катчиња за одмор и релаксација на граѓаните и туристите од сите возрасни групи. Со уредување на нови…

повеќе...

Езерото празно, чека зголемување на водотеците

Охридското Езеро од ден на ден е се повеќе и повеќе празно. Искористувањето на водата за потребите на хидроелектраните по течението на реката Црн Дрим го намали водостојот повеќе од вообичаено. Топењето на снегот од околните планини, евентуални нови врнежи од снег или дожд ќе бидат можност за да се зголемат водотеците и да се покачи нивото на вода во Езерото. Во секој случај, оваа година сигурно нема да се повтори сликата од годините кога Езерото беше преполно. А, дали се претера со празнењето, останува времето да покаже! WebOhrid

повеќе...

Повредениот Џорџ престојува во Пештани

Лебедот со повредено крило, популарниот Џорџ престојува во туристичката населба Пештани, односно на пристаништето во центарот на оваа населба. Жителите од ова туристичко место велат дека Џорџ веќе две недели е нивни гостин, станал миленик, но и атракција како за нив, така и за туристите кои го хранат. WebOhrid

повеќе...

Се расчистуваше спустот на градското пристаниште

Денес екипите на „РЕ Механизација” и „Јавна Хигиена”при ЈП „Охридски Комуналец“ го расчистуваа спустот кај градското пристаниште. „Подигнати се околу 6м кубни песок и камења, како последица на невремето проследено со јужен ветер. Ангажирани беа специјална машина ИЦБ, ФАП и двајца работници.“– информираат од претпријатието.

повеќе...

Охрид ќе добие нови пешачки зони, реконструиран кеј, современа плажа и марина

Градежната експанзија не стивнува во Охрид. Општината веќе ги има дефинирано акционите планови за изградба на два нови крупни проекти во делот на инфраструктурата кои ќе го подобрат нормалното функционирање и туристичката слика на градов. Градоначалникот Никола Бакрачески обелодени дека едниот од двата крупни проекти се однесува на реконструкција на градскиот кеј којшто во моментов е доста оштетен, а другиот се однесува на изградба на пешачка и велосипедска зона од мостот кај каналот „Студенчишта“ по неговата лева страна до „Билјанини извори“. „Наша обврска е во наредниот период да го реконструираме…

повеќе...

Пререгистрација на пловните возила

Општина Охрид ги информира сите физички лица кои вршат услужни дејности поврзани со водениот превоз кои се реализираат со пловен објект со јачина на мотор кој не надминува 10 коњски сили и кој вклучува превоз на максимум 12 лица, дека согласно Законот за туристичка дејност член 52, потребно е истите да ги регистрираат во Регистарот за туристичка дејност што го води Градоначалникот на општина Охрид. Истото можат да го направат и во Секторот за ТЛЕР при општина Охрид со локација над УНИ БАНКА со поднесување на БАРАЊЕ ( кое е…

повеќе...

Поставени знаци на пристаништата, мостовите и плажите на Охридското Езеро

Во тек е поставување на знаци на сите пристаништа, мостови и плажи на Охридското Езеро. Знаците се однесуваат на учесниците во водениот сообраќај, но и за капачите на плажите, бидејќи вакви знаци освен на пристаништата и мостовите, поставени се и покрај плажите. Знаците се со најразлична содржина: Забрането пливање и нуркање, точка на застанување на брод со насока каде да се укотви бродот, сидро за усидрување на пловни објекти, забранета зона за пента и сл. Моментално вакви знаци се поставуваат само на Охридско Езеро, а знаците ќе останат трајно, односно и…

повеќе...

Првачињата од ОУ „Христо Узунов“ на прошетка со брод

Учениците од  прво одделение од ОУ „Христо Узунов“, заедно со нивните учителки Лидија Цветковиќ и Наташа Групчева Пупиноска, беа на прошетка по водите на Охридското езеро со бродот „Кристина Ројал“. Посетата беше организирана во соработка со родителите во согласност со проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, со цел учениците практично да ги применат знаењата од сообраќајот. Среќни и задоволни од нeзаборавното патување, учениците се упатија кон стариот дел на градот, кон нови доживувања. Од ОУ „Христо Узунов“ упатуваат голема благодарност до Капетанијата на град Охрид која им ја…

повеќе...

Се расчистува кај Грашница, малото пристаниште и Лескоец

По налог на општинскиот инспекторат се расчистува крајбрежниот појас на Охридско Езеро на потегот од западната страна од охридското Кале до вливот на река Грашница. Езерските води на површина имаат исфрлено големи количини неразградлив комунален отпад: пластична амбалажа, најлони, како и хартија и друг вид отпад (ќе се подигнат 4 м3), пластична амбалажа, најлони, како и хартија и друг вид отпад. Кај малото пристаниште пред х.Палас синоќешниот ветер од јужен правец натрупа големи количини отпад : трска и друг вид комунален отпад, кој се расчистува рачно од езерските води. Се…

повеќе...

Цветан Мицкоски го фати Светиот крст во Охрид

Многу бројни верници, од земјава и странство, претставници од дипломатскиот кор, Претседателот на Собранието Трајко Велјаноски, пратеници и бројни охриѓани утрово на градското пристаниште, кејот и плоштадот го проследија чинот на осветување на езерските води и барање на чесниот крст. Охриѓанецот Цветан Мицкоски, по потекло од Белчишта, Дебрца беше најсреќниот, од над 1000 капачи: охриѓани, жители на други македонски градови и странци кои во езерските води го бараа Чесниот Крст и кој прв успеа да стигне до него. Првите честитки ги прими од градоначалникот Никола Бакрачески и кумовите Зоран Милески…

повеќе...