Форумот на жени на СДСМ донира топла облека и обувки за социјално загрозените семејства

По повод Новогодишните и Божиќните празници Формот на жени на СДСМ традиционално ја организира хуманитарната акција „Дарувај од срце“. Топла облека и обувки се донираа во Црвениот крст со цел истите да бидат дистрибуирани до социјално загрозените семејства. „И оваа година даруваме со желба за среќа и доброто на секој поединец во општеството, неприкосновеност и почит на човечкото достоинство и интегритет. Голема благодарност до сите наши сограѓани кои зедоа учество во хуманитарната акција докажувајќи дека хуманоста го облагородува човекот, не познава граници, ги зближува луѓето.“-велат од Центарот за комуникации со јавноста ОО…

повеќе...

Заев и Шекеринска остварија средба со директорот во стејт департментот за Јужна и Централна Европа

Претседателот на СДСМ Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска, остварија средба со директорот во Стејт департментот за јужна и централна Европа, Томас Јаздгерди. На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација во Македонија и регионот. Заеднички беше споделена загриженост за назадувањето на демократските процеси во државата. Претседателот Заев истакна дека партијата на власт ги узурпира сите државни институции. „Нема разлика помеѓу партијата и државата. Слободната волја на граѓаните е загрозена а критички настроените медиуми се се под огромен притисок на власта или затворени. Затоа СДСМ во континуитет укажува дека…

повеќе...

СДСМ: Вистината е дека охриѓани не се задоволни од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески

Во врска со соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, реакција испрати ОО на СДСМ Охрид во која стои: „Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Никола Бакрачески се многу потресени од големиот интерес којшто го пројавија граѓаните на Охрид и охридско и што во толку голем број го пречекаа претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Вистината е дека охриѓани не се задоволни од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески. Тие во овие нецели две години не направија ништо од ветеното. Најмалку што можат е да се фалат со бројки од криминални избори. СДСМ уште еднаш…

повеќе...

Заев: Бакрачески победи на криминални избори

Бомбардирањето го има во државава, но се уште се нема случено експлозијата. Власта се ниша од сите страни. На тацна ќе ги претставиме сите аргументи и докази, но и тогаш не можеме да и наштетиме на Македонија, туку ќе го трнеме злото од неа. Ова на трибината „Заедно од проблеми до решенија“ што ја организира Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во Охрид го изјави претседателот на оваа партија, Зоран Заев. „Нашето сценарио коешто допрва ќе се случува мора да вроди со успех, злото да го нема ама да ги отвори патиштата…

повеќе...

СДСМ организира трибина со граѓаните на Охрид „Заедно од проблемите до решенија“

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија организира трибина со граѓаните на Охрид:  „Заедно од проблемите до решенија“. Трибината ќе се одржи во среда, на 17.12.2014 год. во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, со почеток во 19:00 часот. ОО на СДСМ Охрид ги поканува сите заинтересирани сограѓани да повелат на трибината и да земат учество во граѓанската дебата со претставниците од највисокото партиско раководство на СДСМ, како и коалиционите партнери.

повеќе...

Честитка од претседателот на СДСМ Зоран Заев по повод празникот Св.Климент Охридски

По повод големиот христијански и државен празник Свети Климент Охридски претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати честитика до сите граѓани од православна вероисповед. „Чествувањето и почитувањето на делото на големиот светител Климент Охридски, кој целиот свој живот го посветил на просветителство и описменување, е од огромно значење за зачувувањето и унапредувањето на македонската култура и цивилизациските вредности со универзално значење. Просветното и книжевно творештво на Свети Климент Охридски, основоположникот на Охридската книжевна школа и творец на кириличното писмо, остави темелна трага во културниот и духовниот развој на македонската како и…

повеќе...

СДСМ: Советничкото мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш на дело ги покажа недоследноста, сервилноста и неискреноста

ОО на СДСМ Охрид, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „Советничкото мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Охрид уште еднаш на дело ги покажа недоследноста, сервилноста и неискреноста. Најголемиот дел од советниците од позицијата, при донесувањето на Деловникот за работа на Советот на завчерашната седница, без срам отстапија од договореното и еднострано го прекршија тоа што го ветија. Најважниот документ за работа на советниците – Деловникот за работа на Советот – наместо да биде донесен со консензус, како што претходно беше договорено и усогласено помеѓу сите советнички…

повеќе...

Раководството на СДСМ се сретна со известувачот за Македонија во ЕП, Иво Вајгл

Делегација на СДСМ, предводена од претседателот Зоран Заев, денеска оствари средба со известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл. Претседателот Заев изрази подготвеност за унапредување на досегашната соработката и му посака успешна работа на новиот известувач. Воедно, во името на СДСМ, но и на сите граѓани на Македонија, претседателот Заев се заблагодари за поддршката на Европскиот парламент за Република Македонија. На средбата се разговараше за предизвиците со кои се соочува Република Македонија во процесот на европските интеграции. Европратеникот Вајгл потенцираше дека интеграцијата на Република Македонија во ЕУ го…

повеќе...

СДСМ: Градоначалникот и ВМРО-ДПМНЕ ништо не остварија

ОО на СДСМ Охрид, денес испрати соопштение до медиумите, во кое се вели: „Новите нацрт развојни програми за работата на локалната самоуправа во наредната година уште еднаш ја покажаа безидејноста и неспособноста на општинската администрација да се справи со актуелните проблеми на граѓаните во Општина Охрид. Многу е несериозно и крајно непрофесионално да се проектира општинскиот буџет за наредната година, а притоа нацрт програмите да не содржат прецизно одредени вредности и суми на предложените развојни проекти. Најголемиот дел од предложените проекти всушност претставуваат нереализирани проекти од минатите три години и…

повеќе...

Раководството на СДСМ се сретна со Ричард Ховит

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката, Радмила Шекеринска, денеска остварија средба со досегашниот известувач на Европскиот парламент за Македонија, Ричард Ховит. Претседателот Заев се заблагодари за ангажманот на Ховит и поддршката за Република Македонија во процесот на евроинтеграции. Во таа насока позитивно беше оценета досегашната соработка и се разменија мислења за понатамошно продолжување на комуникацијата, за теми кои се од интерес на Република Македонија. Ховит посочи дека и понатаму ќе продолжи да ја поддржува Република Македонија како дел од групата на социјалисти и демократи во Европскиот парламент.

повеќе...