Во ОУ „Григор Прличев“ се реализира едукативна кампања за безбедност во сообраќајот „Јас внимавам“

Денес, првачињата од ОУ „Григор Прличев“ имаа одлична можност низ детска претстава да научат како правилно да се однесуваат во сообраќајот. Претставата беше во форма на симулација на сообраќајни ситуации и демонстрација на сообраќајни правила и прописи, со цел децата на интересен и забавен начин да научат како треба правилно да се однесуваат во сообраќајот, за нивна поголема безбедност. Детската претстава која беше изведена во ова училиште е дел од едукативната кампања под наслов „Јас внимавам“ во организација на ОКТА АД – Скопје, а се реализира во соработка со Министерството…

повеќе...

Убавица на четири тркала

Најчесто автомобилите ги нарекуваат „убавец на четири тркала“. Но, и покрај тоа што станува збор за „Спарк“, нашиот сограѓанин решил својот автомобил да го направи убавица со тоа што му ставил трепки на неговите предни фарови. WebOhrid

повеќе...

Едукативна кампања во Охрид „Безбедноста е најважна лекција“

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Охрид, согласно програмата за работа за 2017 година, утре 13.10.2017 година (петок), ќе отпочне со реализација на едукативната кампања „Безбедноста е најважна лекција“. Кампањата, ќе се реализира во текот на овој месец во соработка со Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот заедно со учениците од трето одделение при основните училишта во Охрид. Предвидено е, претставници на ОСБСП, да ги посетат основните училишта и на третоодделенците да им поделат сообраќајно-едукативна брошура „Сообраќајна лектира“, во која, илустративно се поместени неколку основни правила и прописи…

повеќе...

Намален бројот на сообраќајни незгоди во Охрид

Воспоставување стабилен режим во сообраќајот за време на летната туристичка сезона, беше една од главните мерки и заложби на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид. Целта на интензивно преземените мерки и акциски контроли, беше подигнување на степенот на сообраќајната безбедност во градот и околните населени места, почитување на сообраќајните правила и прописи, поголема сообраќајна фрекфентност на сообраќајниците и елиминирање на можностите за сообраќајни незгоди. Сообраќајните контроли беа преземани во текот на целото деноноќие, во централното градско подрачје но и надвор од градот, со физичко присуство на полициски службеници…

повеќе...

Полицаец возејќи удрил во 80-годишен велосипедист

На ден 22 септември оваа година, во 10 часот и 35 минути, на крстосницата на булеварот „Туристичка“ со улицата „Даме Груев“ во Охрид случена е сообраќајна незгода во која учествуваа патничко моторно возило марка „Шкода Јети“ сопственост на МВР на РМ, а управувано од А.Д.(48) полициски службеник вработен во СВР Охрид и велосипед марка „Рог – Пони“ управуван од Д.Б. (80) од Охрид. Сообраќајната незгода е случена во момент кога возачот со полицискиот автомобил кој се движел по булеварот „Туристичка“ од улицата „Јане Сандански“ во правец кон булеварот „Македонски Просветители“,…

повеќе...

Семафорот кај Рача често (се) збунува

Семафорот кај Рача често знае да се збуни, а ги збунува и пешаците и возачите. Станува збор за семафорот кој е наменет за пешаците. Наизменично се вклучуваат и исклучуваат и црвеното и зеленото светло, па сето тоа навечер изгледа како лајт-шоу. Погледнете… WebOhrid

повеќе...

Разладување со отворена врата при возење

Жешкото време и високата температура се непријатни и за возачите и за патниците кои се превезуваат. Возачите кои имаат понови автомобили не може да замислат возење без клима, а оние со стари автомобили кои немаат клима мораат да бараат начин за разладување, возат со отворени прозорци, па дури и врати. WebOhrid

повеќе...

СДСМ: Стариот дел од градот се соочува со невиден метеж и застој во сообраќајот

ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „И оваа летна сезона во Охрид минува низ истиот хаос и деорганизација како и во изминатите четири години под владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, годинава хаосот, нередот и метежот, се уште поочигледни и поголеми бидејќи локалната власт не донесе летен сообраќаен режим со кој ќе се регулира сообраќајот во стариот дел од градот. Поради тоа, стариот дел од градот се соочува со невиден метеж и застој во сообраќајот. Наместо автентичниот дел од градот да биде пријатно место за уживање и…

повеќе...

Дестабилизацијата на времето ги избрка гостите од плажите

Ветерот, разбранетото езеро и слабиот дожд ги избрка туристите од охридските плажи. За момент се создаде метеж во сообраќајот од автомобили кои се упатуваа кон Охрид. Утре ќе преовладува променливо облачно и свежо време со локален дожд, а ќе дува и ветер од северен правец. Температурите ќе опаднат и ќе се движат од 21 до 29 степени. Од вторник, не очекува стабилизирање на времето со постепено покачување на температурите. WebOhrid

повеќе...

Втора масовна „Оff Road” средба во охридскиот регион

Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и СВР Охрид, активно ќе се вклучат во организацијата на втората масовна “Оff Road” средба, што викендов ќе се одржи во Охридскиот регион. Настанот, што ќе се реализира на први и втори јули годинава, е во организација на здружението „Оff Road Ohrid“, ќе има 350 учесници, 200 теренски “OFF Road” возила, 40 крос мотори и 20 четириточкаши од Македонија, Словачка, Полска како и од соседните земји. Програмата предвидува дводневно патување од истражувачко – спортски – туристички карактер а целта е претставување и…

повеќе...