Во Струга отворена конференција за интегрирано управување со цврст отпад во регионот на Југоисточна Европа

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски, денеска во Струга ја отвори дводневната финална „Конференција за интегрирано управување со цврст отпад во прекуграничните и крајбрежните области во регионот на Југоисточна Европа”, која е во организација на Постојаната работна група за регионален рурален развој (SWG) во Југоисточна Европа. Проектот „Управување со цврстиот отпад” е насочен кон проценување и развивање на модели за интегрирано управување со цврстиот отпад кои се еколошко ефикасни и економски прифатливи. Целта е да се намалат негативните еколошки и економски влијанија на лошото управување со…

повеќе...

Одржан третиот по ред извидничко-младински забавен камп „Camping Fun – Ohrid 2016“

Од 16ти до 19ти јуни, во организација на Извидничкиот одред „Пионер“ од Охрид, на просторот од Извидничкиот центар Охрид, се одржа третиот по ред извидничко-младински забавен камп насловен како „Camping Fun – Ohrid 2016“ на кој што учествуваа вкупно 135 извидници и младинци од Охрид, Струга, Кичево, Прилеп и Скопје. Овогодинешниот „Camping Fun – Ohrid 2016“ претставува најголем собир на деца и младинци, пред се извидници од Р.Македонија кој што се организирал во Охрид во изминативе неколку години на отворена сцена под ведро небо на брегот од Охридското Езеро. Имено, учесниците во…

повеќе...

Конференција „Управување со цврст отпад“ во Струга

Постојаната работна група за регионален рурален развој (SWG) во Југоисточна Европа, во Струга ќе ја одржи финалната „Конференција за интегрирано управување со цврст отпад во прекуграничните и крајбрежните области во регионот на Југоисточна Европа”. Официјалното отворање на конференцијата ќе биде на 21 јуни со почеток во 9.00 часот. Проектот „Управување со цврстиот отпад” е насочен кон проценување и развивање на модели за интегрирано управување со цврстиот отпад кои се еколошко ефикасни и економски прифатливи, со цел да се намалат негативните еколошки и економски влијанија на лошото управување со цврстиот отпад,…

повеќе...

Повредени три лица во сообраќајка на патот Подмоље – Струга

Три лица од кои две посериозно, се здобија со телесни повреди во сообраќајната незгода што синоќа во 20 часот и 10 минути се случи на магистралниот пат Подмоље-Струга кај крстосницата со локалните патишта за „Еврохотел“ и селото Милешево. Поради сериозноста на повредите, во општата болница во Струга задржан е А.З. (20) од струшкото село Ливада додека во болницата Св.Еразмо -Охрид задржано е едно малолетно лице. Во сообраќајната незгода учествувале патничките моторни возила марка „Голф“ со струшки регистарски ознаки управувано од Б.М. (24) од селото Франгово во кое се наоѓало малолетното…

повеќе...

Охриѓанки првенци на генерација во „Јахја Кемал“

Во домот на култура во Струга, приватното средно училиште „Јахја Кемал“, вечерва го одбележа доделувањето на дипломите. На пригодната свеченост збогатена со мултикултурна уметничка програма, свое обраќање имаше директорот на училиштето, Исмаил Ердил, кој на матурантите им поска успех и во понатамошното школување. Во рамки на манифестацијата беа доделени и признанија за ученици кои постигнале успех на некои од општинските, регионалните, државните и меѓународните натпреварувања. Исто така беа прогласени и првенците на генерацијата, а тоа се Софија Димоска и Сања Симоновиќ и двете од Охрид. Софија и Сања, во своите…

повеќе...

Успеси на ученици од „Јахја Кемал“ на Меѓународниот натпревар InfoMatrix 2016 во Романија

Нови успеси на учениците од приватното основно и средно училиште „Јахја Кемал“ – Струга. Учениците Димитар Бакрачески, Ерен Суло, Егзона Лутфиу, Марко Филипче, Теодор Недевски освоија повеќе одличја (бронзени медали и пофалници) за нивниот успех на 14-иот Меѓународен натпревар за компјутерски проекти „INFOMATRIX 2016“, кој се одржа во Букурешт – Романија.

повеќе...

Ограбена канцеларија во Струга

Вчера во Полициската станица – Струга било пријавено дека на 29/30.05.2016 година во периодот од 21.45 до 09.30 часот, во деловна канцеларија на ДООЕЛ„Г Компани“ во Струга, сопственост на Т.Г. (43) од Струга, непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и одзел метална каса во која имало 85.000 денари, 300 евра, 200 долари, 500 лева, две златни белезгии и еден пиштол, по што го напуштил местото на настанот. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Струга. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот…

повеќе...

Акции за заштита на рибите во ревирот река Црн Дрим 1

Во тек е мрестот на топловодните риби во река Црн Дрим. ЗРСК Пастрмка од Струга како концесионер на рибите во „риболовен ревир река Црн Дрим 1“ во тесна соработка со Државниот инспекторат за земјоделство од Охрид спроведуваат секојдневни акции за заштита на рибите кои се мрестат. Во споменатите акции запленети се повеќе од еден километар мрежи и друг недозволен риболовен алат: сертмиња, трокуки, харпуни и сл., затекнати се 12 лица како вршат недозволен риболов и против истите се покренати прекршочни постапки. Во една од акциите беше физички нападнат и овластениот рибочувар…

повеќе...

Ученици од „Јахја Кемал“ дел од Меѓународниот Фестивал на Јазикот и Културата во Германија

Ученици од приватното средно и основно училиште „Јахја Кемал“ од Струга, учествуваа на Меѓународниот Фестивал на Јазикот и Културата во Германија. „Честитки за нашите ученици од фолклорниот тим кои со извонреден перформанс не претставуваа на (IFLC 2016) Меѓународниот Фестивал на Јазикот и Културата, кој се одржа во Германија со голем број учесници од 160 земји.“- велат од колеџот.

повеќе...

Спасовски од Струга: Нема спас за криминалците-сите аболиции ќе се поништат, пазарење нема

Видео од обраќањето на Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ, на денешниот протест во Струга за враќање на правдата, слободата и демократијата во Македонија.

повеќе...