Никој не се рекламира на ‘рѓосано

„Просторот за рекламирање на политичките партии“ во Охрид, беше одреден уште на 22 август. Тоа се тарабите поставени на оградата од ОУ „Григор Прличев“ и тоа е единственото место во Охрид наменето за тоа. Но, до ден денес, на само една недела до одржувањето на Локалните избори, овој простор за политичко рекламирање се уште е празен. Едноставно, политичките партии се рекламираат на големите билборди, но се одлучуваат и за многуте електронски видови на рекламирање. Кој ли би се рекламирал на ‘рѓосано!? WebOhrid

повеќе...

Фондацијата „Тодор Александров“ му додели постхумно признание на проф. д-р Зоран Тодоровски

Фондацијата Македонско наследство Тодор Александров денес постхумно додели признание за проф. д-р Зоран Тодоровски. Признанието се однесува на неговиот придонес во истражувањето на ликот и делото на Тодор Александров. Признанието го прими Бојан Тодоровски кој изрази благодарност за ова внимание кое воедно многу им значи на семејството Тодоровски. Извршниот директор на Фондацијата доц. д-р Никола Митровиќ Бабе истакна дека научниот придонес на прерано починатиот проф. д-р Зоран Тодоровски кој воедно беше и Директор на Државниот Архив на Република Македонија е многу голем во историската, историографската и архивистичката област во Република…

повеќе...

Тилевски најави партерно уредување, изградба на пешачки и велосипедски патеки во Охрид

Кандидатот за градоначалник на Охрид, од ВМРО-ДПМНЕ, д-р Митко Тилевски денес одржа прес-конференција, на која ги најави новите проекти: Партерно уредување, изградба на пешачки и велосипедски патеки во Охрид. „Охрид заслужува да свети во полниот негов сјај. Охриѓани и туристите заслужуваат нови места за рекреација на современ и модерен начин. Уредувањето на зелените површини во корелација со подигнување на свеста за зачувување и одржување на јавните паркови и зеленила, резултираат со формирање на пријатни катчиња за одмор и релаксација на граѓаните и туристите од сите возрасни групи. Со уредување на нови…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ Дебрца најостро го осудува насилството во Требеништа и бара расчистување на случајот

ВМРО-ДПМНЕ ОИШ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „ОИШ Дебрца, Кандидатот за Градоначалник и кандидатите за членовите на советот најостро го осудуваат насилството и вчерашниот инцидент што се случил во просториите на изборниот штаб во село Требеништа. Ги повикуваме надлежните институции до крај да го расчистат случајот и да се преземат мерки согласно законите во Република Македонија.“ – се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОИШ Дебрца.

повеќе...

СДСМ: Трајкоски четири години се замислуваше дека е соцреалистички лидер на Дебрца

ОО СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Трајкоски четири години по ред милуваше на новогодишните календари, скапо платени со народни пари да става лични фотографии и во стилот на “народен водач и татко на општината ги прославувашe новите работни успеси за доброто на граѓаните”. И не само тоа, милуваше да се појавува и на сите рекламни билборди, каде се промовира општината. Ако Трајкоски не знае, да го потсетиме дека ваквата забеганост, невкус и демагогија беа карактеристични за едно минато време. Соцреализмот и култот на личноста како негова…

повеќе...

Дали ги знаете вашите гласачки права?

На една недела пред одржувањето на Локалните избори 2017, ве потсетуваме на гласачките права кои треба да ги знае секој кој има право на глас. Кампањата на Државната изборна комисија е насловена „Џабе само бистриш политика, ако не ги знаеш твоите гласачки права.“ WebOhrid

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ бара јавно извинување од организаторите на проектот „Денот потоа: Локални избори“

Во врска со денешното потпишување на барањата од граѓанскиот сектор од општина Охрид, со соопштение излезе ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, во кое стои: „ВМРО-ДПМНЕ Охрид сака да изрази длабоко жалење што не бевме поканети за потпишувањето на обврската за соработка со граѓанските организации. Сето тоа не е поради наша причина што кандидатот Д-р Митко Тилевски не присуствуваше на потпишувањето туку пропуст во организацијата или намерно изостанување од настанот. За тоа треба да следи јавно извинување од организаторите. Новата Локална самоуправа предводена од Д-р Митко Тилевски секогаш ќе биде со поддршка за…

повеќе...

„Обврска сега! За денот потоа!“ потпишани барањата од граѓанскиот сектор од општина Охрид

Во рамките на проектот „Денот потоа: Локални избори“, Фондацијата Фридрих Еберт-канцеларија Скопје во соработка со прогресивни граѓански организации и претставници од академската фела, во периодот септември-октомври 2017 година организираше активности за унапредување на состојбите во општеството на локално ниво во Република Македонија. Активностите се одржаа во општини од сите осум (8) плански региони во Македонија (Велес, Штип, Гевгелија, Прилеп, Охрид, Маврово/Ростуша, Општина Центар, Град Скопје и општините на територијата на Скопје). Координаторите од граѓанскиот сектор од секоја од општините имаа задача да ги повикаат и консултираат организациите од граѓанскиот сектор…

повеќе...

Манчев: Никој нема право да ги злоупотребува природните богатства на Охрид за да прикрива неодговорни политики

Во просториите на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, денес се одржа прес-конференција, на која говореше кандидатот за советник, Димитар Манчев. „СДС демонстрира лажно душегрижништво за природните богатства, водата, квалитетот на воздухот и животната средина. Зборот бил збор!? Ние, уште еднаш укажуваме дека никој нема право да ги злоупотребува природните богатства на Охрид за да прикрива неодговорни политики. На прес-конференција одржана на 3 февруари 2017, актуелната пратеничка од СДС Жаклина Лазаревска, во име на партијата на новинарско прашање, што би правеле тие ако се на власт и ако нивото на езерото е на ниско ниво одговори: – Ние одма…

повеќе...

Тилевски: Формирање на Туристичко Биро на град Охрид во рамки на ТЛЕР

Охрид се издвојува како туристички центар не само во рамките на Македонија, туку и во светски рамки. Со големата промоција на Охрид низ светските медиуми се постигнува голем успех кој резултира со перманентно зголемување на бројот на странски и домашни туристи. Со сериозна стратегија и пристап до висок локален економски развој и туризам. Затоа велиме: Туризам. Туризам. Туризам. Ова на денешната прес-конференција го истакна Митко Тилевски, кандидатот на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид. Тилевски најави отворање на туристичко Биро во рамките на ТЛЕР. Како што…

повеќе...