На 21 декември 2010 година, со својата резолуција 65/209 Генералното собрание на Обединетите нации ја изрази својата длабока загриженост во врска со зголемувањето на присилните или несаканите исчезнувања во различни региони во светот, вклучувајќи ги и апсењето, притворот и киднапирањето, како и зголемениот број на извештаи за вознемирување, малтретирање и заплашување на сведоци или роднини на лицата кои исчезнале. Со истата резолуција, Собранието го поздрави усвојувањето на Меѓународната конвенција за заштита на сите лица од присилно исчезнување и одлучи да го прогласи 30-ти август Меѓународниот ден на жртвите на присилните исчезнувања,…
повеќе...Author: Vasko
Една вечер поезија, 365 вечери депонија
За време на завршната манифестација од Струшките вечери на поезијата, на дрвениот мост во Струга беше истакнат транспарент на македонски, албански и англиски јазик: Една вечер поезија, 365 вечери депонија 1 mbrëmje poezi, 365 mbrëmje deponi 1 evening poetry feel, 365 evenings landfill Транспарентот поставен од страна на граѓанската иницијатива „Стружани за Струга“ има цел да го привлече вниманието од пошироката јавност за проблемите со кои се соочуваат стружани со депонијата во Струга, загадувањето од неа, а особено од нејзиното палење и чад за време на летната туристичка сезона. WebOhrid
повеќе...Меѓународен ден против нуклеарни проби
На 2 декември 2009 година, Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 29 август за Меѓународен ден против нуклеарни проби со едногласно донесување на резолуцијата 64/35. Резолуцијата повикува на зголемување на свеста и образованието „за ефектите од тестирањето на нуклеарното оружје или било кои други нуклеарни експлозии и потребата за нивно престанување како еден од начините за постигнување на целта за светот да биде без нуклеарно оружје.“ Резолуцијата беше иницирана од страна на Казахстан. Денот има цел да ги поттикне Обединетите нации, земјите-членки, владините и невладините организации, академски институции, младински…
повеќе...Подводна еко-патрола
За време на снимањето на подводни сцени од WebOhrid Aquatic, затекнавме многу отпад. Истиот беше собран од наша страна и депониран до најблискиот контејнер. Најзастапен отпад беше стаклото, кое доколку навремено не се извади од водите се крши на многу повеќе парчиња. Би упатиле апел до сите: Да не фрлаат отпад, да не ја загадуваат природата и доколку забележат отпад да се потрудат истиот да го отстранат! А сега, време е за убави нешта! Уживајте во најновите подводни снимки кои ги сними нашата подводна камера… WebOhrid
повеќе...Нашите интернационалци во голгетерска форма
Езѓан Алиоски го постигна својот прв гол за тимот на Лидс Јунајтед во англискиот шампионат. Денес, неговиот тим гостуваше против Нотингем Форест и успеа да победи со 0:2. Стрелец на вториот гол за Лидс беше токму нашиот репрезентативец Алиоски. Во италијанската Серија Б, Палермо победи со 2:0 против Специја, а стрелци на головите беа нашите репрезентативци Александар Трајковски во 10 минута и Илија Несторовски во 53 минута. Во шпанската Ла Лига, Леванте и Депортиво ла Лоруња одиграа 2:2, а нашиот репрезентативец Барди го постигна својот деби гол за Леванте во…
повеќе...Театарската група на Црвен крст Охрид ги освои срцата на публиката и во Суботица
После Крагуевац, Ужице и Требиње, театарската група на Црвен крст Охрид ги освои срцата на публиката и во Суботица. Младите талентирани актери-аматери, волонтери на Црвен крст Охрид предводени од креаторите на претставата вчера заблескаа пред бројната публика во Младинскиот театар во Суботица со изведбата на театарската претстава „БАГАЖ“. Публиката не ја криеше воодушевеноста од прекрасната изведба-глума на младите актери, но и од тематиката на претставата која го третира актуелниот проблем со заминувањето на младите луѓе од родната земја во потрага по подобар живот, носејќи, во и со себе различни причини…
повеќе...Охриѓанец одржа предавање на Школата за млади лидери
Под покровителство на претседателот на РМ Ѓорѓе Иванов веќе седум години се одржува интензивен тренинг за млади лидери од Р.Македонија и регионот кој што несебично е поддржан и од целиот бизнис сектор на РМ. Предавач на осмата меѓународна обука за лидери на претседателот Иванов која се одржува во Охрид беше охриѓанецот м-р Фисник Доко, сертифициран мајкрософт тренер и софтвер архитект, кој одржа предавање на тема: „Зголемување на продуктивноста со ИТ вештини“. На годинешната школа ќе присуствуваат вкупно 22 реномирани предавачи од врвни образовни и професионални институции од Македонија, ЕУ, САД…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Покажавме како се сака Охрид, со најголем број реализирани проекти во историјата на овој град
Во врска со соопштението од ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во која стои: „Давањето отчет за сработеното ВМРО-ДПМНЕ го востанови како сериозна практика, стандард кој ниедна претходна власт не го практикувала. СДС Охрид повторно најде за сходно да реагира, со на нивни својствен начин – неаргументирано, произволно, безидејно. Зарем цели 24 часа беа потребни за да објават празни флоскули и дезинформации? Тоа значи дека им требало вистина многу време за да го сфатат и разберат Отчетот. ВМРО-ДПМНЕ како одговорна и транспарентна политичка партија секогаш излегува…
повеќе...Општина: Неспоредливо е работењето на градоначалникот Бакрачески со времето кога вие раководевте со Локалната самоуправа
Во врска со соопштението од СДСМ Охрид, реакција испрати Општина Охрид во која стои: „Господа од СДСМ, Единственото нешто кое најдобро знаете да го правите е да уништувате живот, а тоа најдобро го почуствуваа Охриѓани во времето кога Вие бевте на власт. Неспоредливо е работењето на градоначалникот Никола Бакрачески со времето кога вие раководевте со Локалната самоуправа. Одлика на оваа локална власт беше и остана отчетноста и транспарентноста пред граѓаните на Охрид, за разлика од сите претходни власти кога охриѓани немаа увид каде завршуваат нивните пари. Но, отчетноста не е…
повеќе...СДСМ: Вчерашниот таканаречен отчет покажува што оваа Локална вети, а не успеа да го реализира
ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Вчерашниот таканаречен отчет на градоначалникот во заминување, Никола Бакрачески, не покажува се што реализирале, туку токму спротивното, тој покажува се, што оваа локална самоуправа вети, а не успеа да го реализира. А отчетот сме го слушнале и претходно, дури службите до толку немале инспирација, што и за овој отчет го искористиле текстот кој го рецитираше Бакрачески пред една година во дворот на општинската зграда. Во своето обраќање, Никола Бакрачески за најзначајни успеси од неговиот четири и пол годишен мандат…
повеќе...