Повторена јавна анкета и јавна презентација за ДУП за 6 та УЗ дел од УБ 6.1 опфат 1, КО Охрид 2 општина Охрид плански период 2014-2019 нацрт план

Согласно член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр.51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14) и Решението за организирање на јавна анкета и јавна презентација бр. 19-1240/12 од 22.09.2015год. Градоначалникот на општина Охрид, С О О П Ш Т У В А ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПОВТОРЕНА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ДУП за 6 та УЗ дел од УБ 6.1 опфат 1, КО Охрид 2 ОПШТИНА ОХРИД плански период 2014-2019 НАЦРТ ПЛАН 1. Просторот на планскиот опфат на ДУП за…

повеќе...

Работилница за царински постапки за поштенски сообраќај

Во периодот од 15 до 16 септември 2015 година во Скопје, Царинската управа на Република Македонија, преку TAIEX инструментот за техничка помош (Technical Assistance and Information Exchange instrument), организира Работилница за царински постапки за поштенски сообраќај. На семинарот, покрај царински службеници, учествуваат и претставници од Македонски пошти и Агенцијата за пошти, со цел размена на искуства и надградување на знаењето. Работилницата ќе овозможи подобро да се разбере транзитната постапка во поштенскиот сообраќај, вклучувајќи користење на гаранција, анализа на ризик, привремено складирање на поштенските пратки, потребни документи за извоз на мали…

повеќе...

Со работилница за деца и неделата на поетски и документарни филмови почнува неофицијалниот дел од 54. Струшки вечери на поезијата

Со работилница за деца „Како настанува книгата“ денеска почнува неофицијалниот, пред фестивалски дел од програмата на 54. Издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата, чиј официјален дел ќе се одржи од 26-ти до 31-ви август во Струга. Во рамките на Фестивалската програма вечер ќе биде отворена неделата на поетски и документарни филмови посветени на поезијата, што ќе се реализира во соработка со Фестивалот на поетски филмови „Зебра“ од Берлин, Германија. Покрај изборот од неколку кратки поетски филмови вечерва ќе биде прикажан и документарниот филм „Звуците на Ариранг“ посветен на добитникот…

повеќе...

Концерт и изложба на дела од работилницата за ready made во Струга

Културниот центар „Кула“, го затвора фестивалот Дрим он, со концерт и изложба на дела од одпад од работилницата за ready made. Работилницата се одржа во Струга, во рамки на фестивалот Дрим Он од 22-26 јули. Концертот кој ќе се одржи на 26 јули со почеток во 21.00 часот ќе биде производ на соработката помеѓу културниот центар Кула и фестивалот за процесирање култура Дрим он. Учесниците на оваа работилница имаа прилика да се запознаат со основите на концептот ready-made и да творат во духот на неговите поимања. Предметите кои се изработија…

повеќе...

Во Струга ќе се одржи работилница за ready made на културниот центар „Кула“

Културниот центар „Кула“ во соработка со фестивалот „Дримon“, го отвора повикот за работилница за ready-made. Работилницата ќе се одржи во Струга, во рамки на фестивалот Дримon од 22-24 јули. Повикот е отворен за сите заинтересирани млади луѓе кои веќе имаат познавања или би сакале да се запознаат со ready-made методот на творење. Учесниците на оваа работилница ќе имаат прилика да се запознаат со основите на концептот ready-made и да творат во духот на неговото поимање. Предметите кои ќе се изработуваат во текот на истата ќе бидат накит, скулптури и неконвенционални…

повеќе...

Заврши работилницата за гитара во Спомен куќата на Тоше Проески

Заврши тридневната работилница за гитара во Спомен куќата на Тоше Проески во Крушево, која ја водеше врвниот гитарист Влатко Стефановски. Работилницата е дел од проектот на Министерството за култура за отворање „Регионален центар за млади музичари од ЈИЕ“. Работилницата на која учествуваа 70 млади од Србија, БиХ и Македонија, денеска ја посети министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска. Според неа, со работилницата за гитара успешно профункционирал тој Регионален центар. „Работилницата за гитара е прв дел од Регионалниот центар. Седумдесет учесници ја изучуваа гитарата, покажаа голема љубов и посветеност. Влатко…

повеќе...

Работилница на ЕАВЕ со врвни филмски експерти во Скопје

Исклучително голем и важен настан за филмската дејност во РМ, за нашите филмски работници и за нашата земја која веќе станува препознатлива како филмска индустрија … Над 20 филмски експерти од релевантни институции, како Еуримаж, Креативна Европа, од неколку европски филмски центри, и 48 продуценти од триесетина земји, меѓу кои Бразил, Аргентина, Сингапур и од цела Европа, ќе учествуваат на работилницата на ЕАВЕ (Европски аудиовизуелни претприемачи) во Скопје од утре до 1 јули. ЕАВЕ е најголема продуцентска мрежа која веќе 27 години работи на вмрежување на продуцентите, нивна едукација и…

повеќе...

Огромен интерес за Гитарската работилница во Спомен-домот на Тоше Проески во Крушево

Повеќе од 100 кандидати се пријавени за учество на Гитарската работилница со гитарската легенда Влатко Стефановски која, со поддршка на Министерството за култура, ќе се одржи од 24 до 26 јуни во Спомен-домот на Тоше Проески во Крушево. Работилницата, за која пријавувањето е веќе затворено, ќе овозможи на еден креативен начин, преку музиката, нашата регионална сцена да се збогати со нови талентирани млади изведувачи. Младите музичари ќе имаат можност три дена да работат со својот ментор, а резултатите од нивната заедничка работа ќе бидат презентирани на завршниот концерт кој ќе…

повеќе...

Фриленс работилница во Охрид

Караванот по повод промовирање на платформата за фриленсерство Hitlancer.com ќе се одржи на 2-ри јуни(вторник) во Факултетот за Туризам во Охрид со почеток од 17:00 часот. На настанот ќе бидат присутни претставници од бизнис секторот, невладин сектор, студенти, професори и поддржувачи на концептот за фриленс работа. Ќе се одржи презентација за фриленсерството од страна на Оливера Костовска и Горан Мојаноски, а после презентацијата ќе се одржи  кратка работилница каде што ќе се прикажат функционалностите на македонската фриленс платформа Hitlancer.com . Проектот Hitlancer е поддржан од страна на Alumni Engagement Innovation Fund 2014, озвозможен…

повеќе...

Планирачки состанок за засилена прегугранична соработка за управување со водните ресурси од Дримскиот басен

Утре и задутре (19-20 Мај) во Тирана, Албанија ќе се одржи планирачки состанок за обезбедување засилена Прекугранична сорабока за управување со водните ресурси за трите големи езера во Дримскиот Басен, Охридското, Преспанското и Скадарското. Посебна цел е да се обезбеди прекугранична меѓусекторска соработка во Басенот. Состанокот е во рамките на поддршката на Германското друштво за соработка (ГИЗ) и проектот за заштита на биодиверзитетот на трите езера. На планирачкиот состанок, заедничка презентација ќе има Билатералниот секретаријат, а од македонска страна ќе презентира Дејан Пановски кој ќе се осврне на актуелните процеси…

повеќе...