Прикрај изградбата на атмосферската канализација во Ботун

Пред сам крај е изградбата на атмосферската канализација за улицата во Ботун, каде Градоначалникот Игор Трајкоски изврши увид на лице место врз градежните активности. Градоначалникот истакна дека, оваа улица, особено при обилни врнежи им причинува проблем на населението, кои минуваат оттука, оттука и потребата од канализирање на атмосферските води. Атмосферската канализација е изведена со бетонски цевки со попречен профил од 1000 мм, со вкупна должина од околу 300 метри и истата е дел од проектот за реконструкција на улица во с. Ботун со должина од 1 км. Во наредниот период…

повеќе...

Фудбалското игралиште за голем фудбал во Белчишта добива нов изглед

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски изврши увид во с. Белчишта, Општина Дебрца, каде што се одвиваат градежни активности околу Реконструкција и санација на фудбалското игралиште за голем фудбал. „До овој момент изведена е дренажата по должината на фудбалското игралиште за одводнување, изградени се кабини за резервните играчи, а во моментов се работи на дооградувавање на игралиштето со заштитна жичана мрежа, со што градежните активности се одвиваат според предвидената динамика. Во наредниот период ќе се отпочне со санација и реконструкција на објектот за соблекувални и простории за судии и делагати.“–…

повеќе...

Охриѓанец пронајден мртов во село Сливово

На 19.04.2016 година во 02.12 часот во атарот на с.Сливово, општина Дебрца, на м.в. „Даб“, Т.Т. го пронашол починат Љубе П. (64) од Охрид. Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт без видливи траги на насилство. Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција во текот на денот.

повеќе...

ОУ „Дебрца“ учествуваше на Саемот за наука и култура во „Јахја Кемал“

Во рамките на Саемот за култура и наука кој се одржа во приватното средно и основно училиште „Јахја Кемал“ во Струга, учествуваше ОУ„Дебрца“ с. Белчишта. Училиштето „Дебрца“ за прв пат присуствуваше со штанд, на кој беа презентирани разни експерименти од областа на математиката, хемијата, биологијата и информатиката. „Ваκвите настани покρај едуκација, нудат можност за афирмација на пријателството κаκо неодминлив дел од животот на сеκое дете.“- велат од ОУ „Дебрца“. WebOhrid

повеќе...

Заеднички активности на ОУ „Дебрца“ и „Екрем Јакупи“ од Корошишта

Денес во просториите на основното училиште „Дебрца“ с. Белчишта се реализираа предвидените Меѓуетнички заеднички активности со партнер училиштето „Екрем Јакупи“, с. Корошишта подржани и финансирани од страна на УСАИД, општина Дебрца и училиштето Дебрца. „Самиот слоган на овие активности „Јас и ти –силата на светот“ имаше една единствена цел, преку креативни работилници да се презентира дека јазичните бариери и верската определба не се никаква пречка за да можеме заедно да се соработуваме и живееме.“- велат од ОУ „Дебрца. Активностите беа проследени од претставници од проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во…

повеќе...

Градоначалникот Трајкоски избран за нов претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион

На денешната 9-та седница на Советот за развој на Југозападниот Плански Регион Градоначалникот на општина Дебарца Игор Трајкоски е избран за Нов Претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион на кој едногласно со шест гласа ЗА е избран од страна на градоначалниците кои припаѓаат во Југозападниот Плански Регион. Мандатот на Претседателот на Советот за развој на Југозападниот Плански Регион трае две години. На седницата на дневен ред беа поставени повеќе точки како и Избор на претседател на Советот за развој на Југозападниот регион. Градоначалникот Игор Трајкоски, посветено и…

повеќе...

СДСМ: Во кој дел од Изборната програма на градоначалникот на Дебрца стои дека планира да ја задолжува општината

Советничката група на СДСМ при Советот на општина Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „На денешното продолжение на 38-та седница Советот на општина Дебрца, на предлог на градоначалникот на општината, со гласовите на советниците на ВМРО-ДПМНЕ и независниот советник донесе одлука за долгорочно домашно задолжување на општината Дебрца во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги, со која се предвидува ново задолжување на општината, со 50.000 евра, за набавка на возило за собирање на комунален отпад. Како советничка група во советот на општина Дебрца, иако секогаш безрезервно…

повеќе...

Општина Дебрца потпиша договори со МЖСПП за доделување на финансиски средства за изработка на техничка документација

Врз основа на Конкурсот за распределување на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2016 година, Министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири донесе Одлука за избор на програми, проекти и активности кои ќе се финансираат од Програмата за инвестирање на животната средина за 2016 година. Согласно Одлуката, за Општина Дебрца доделени се финансиски средства за Изработка на техничка документација за инфраструктурни и основни проекти за изградба водовод и канализации. За таа цел Градоначалникот на Општина Дебрца денес…

повеќе...

Јавна расправа за оцена на влијание врз животната средина за „Изградба на автопат А2, делница Требеништа – Струга“

Министерството за животна средина и просторно планирање ја достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина на проектот: „Изградба на автопат А2, делница Требеништа -Струга “, во вкупна должина од околу 8км во општина Дебрца и истата е достапна за увид. Јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот: Изградба на автопат А2, делница Требеништа -Струга со вкупна Должина од околу 8 км во општина Дебрца ќе се одржи на 23 март 2016 година (среда), во зградата на оппштина Дебрца, с.Белчишта, со почеток во…

повеќе...

Поставен камен темелник за реконструкција на фудбалското игралиште во Белчишта

Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски заедно со претставници од фудбалскиот клуб од с. Белчишта, денеска го означија почетокот на градежните активности околу Реконструкција и санација на фудбалското игралиште за голем фудбал во с.Белчишта. Градоначалникот информираше дека во рамките на овој проект ќе се изврши оградување со жичана ограда на фудбалското игралиште, изведба на дренажа по должината на игралиштето за негово одводнување, изградба на кабини за резервни играчи и реконструкција и санација на објектот со соблекувални и простории за судии и делагати. Фудбалското игралиште во Белчишта ќе биде на располагање…

повеќе...