Новогодишни работилници во училиштата во Дебрца

По повод новогодишните празници во сите училишта на територија на Општина Дебрца во рамките на проектот од МОН „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ се реализираа работилници за изработка на новогодишни украси. Во изработката со свои идеи учествуваа учениците, наставниците и родителите. Дел од изработените новогодишни украси учениците ќе ги подарат во Домот за стари лица во Охрид, а останатите новогодишни изработки ќе бидат изложени во училиштата и за истите ќе бидат организирани продажни акции.

повеќе...

Низа развојни проекти на Општина Дебрца за 2016 година

На наредната седница на Советот на Општина Дебрца на дневен ред ќе се најде на разгледување Буџетот на Општина Дебрца за 2016 година. Буџетот на Општина Дебрца е изготвен во согласност со Насоките за изготвување на буџетите на единиците на локалната самоуправа (буџетски циркулар) доставени од страна на Министерството за финансии на Република Македонија, во кои се содржани главните насоки за изготвување на општинскиот буџет за 2016 година. Во Буџетот за 2016 година програмирани се средства со кои што се планира да се иницира изградбата на нова и реконструкција и…

повеќе...

Започна асфалтирањето на локалниот пат Злести-Лешани

Градежната оператива денеска ги постави првите асфалтни метри од локалниот пат од с.Злести до Манастир „Сите Светии” во с.Лешани. На асфалтирањето му претходеше проширување и тампонирање на банкините како и крпење на ударните дупки. Реконструираниот локален пат ќе биде со должина од 1800 метри, со ширина на асфалтен коловоз од 3 метри и банкини од 0,75 метри од двете страни на асфалтниот коловоз, односно вкупната ширина на новиот коловоз ќе биде 4,5 м. „Градежните активности на патот се одвиваат одлично и се очекува да биде завршен во скоро време.“ –велат…

повеќе...

Успешно реализирана акцијата „Ден на дрвото“ во Дебрца

Aкцијата „Ден на дрвото“ – Засади ја својата иднина, успешно се реазлизира во општина Дебрца. Активностите започнаа утрово со засадување на садници од сортата аризонски чемпрес во паркот на ОУ „Дебрца“. Градоначалникот Трајкоски во придружба на секретарот, Илија Дуклески, директорот на ЈКП „Дебрца“ Васил Јончески, вработените во општина Дебрца, наставниците и учениците засадија дрвца со што придонесоа во разубавување на средината во која учениците го минуваат поголемиот дел од училишните денови. Општина Дебрца и во иднина ќе ја поддржува акцијата „Ден на дрвото“ која ја спроведува Владата на Република Македонија,…

повеќе...

Во тек е реконструкција на локалнот пат од Злести до манастирот „Сите Свети” во Лешани

Деновиве започнаа  градежните активности во врска реконструкцијата на локалниот пат што го поврзува селото Злести со манастирот „Сите Свети” во селото Лешани. „Ќе биде реконструирана вкупна должина на локалниот пат од 1800 метри. Реконструираниот локален пат ќе биде со ширина на коловозот од 3,0 метри и банкини од 0.75 метри од двете страни на коловозот, односно вкупната ширина на новиот коловоз ќе биде 4,5 м. Трасата ќе се води и прилагоди према постојниот пат. На трасата моментално се врши проширување и тампонирање на банкините, во следната фаза ќе се изврши…

повеќе...

Избран најстариот жител и брачниот пар со најмногу години во брак во Охрид и Дебрца

Тмурното и врнежливо време во Охрид, не го попречи доживувањето на „Сончевата есен на животот“, саботен настан кој ги разгали срцата на старите лица, пензионерите и сите оние кои ја исполнија големата сала во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид за да уживаат во програмата подготвена од Црвениот крст Охрид, во рамки на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица. Под модераторство на актерот Љупчо Тодоровски-Упа со рецитирање на стихови од поезијата на Блаже Конески, на сцената со својот настап блескаа КУД „Далги“ при Здружението на пензионери од…

повеќе...

Меѓугенерациска средба на пензионерите и учениците во ОУ „Христо Узунов“

Во заедничка кординација на Здружението на пензионери Охрид и Дебрца и Основното училиште „Христо Узунов“ синоќа се одржа петата по ред Меѓугенерациска средба на пензионерите од Месниот огранок „Горна Влашка Маала“ и учениците од училиштето. На оваа традиционална Меѓугенерациска средба што е проект на Европската унија а ја реализира СЗПМ, присутните ги поздравија претседателот на Месниот огранок Милан Малчески, директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски, претседателот на ЗП Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески, а од Локалната самоуправа заменик-градоначалникот, Ангел Јанев. По заедничката средба на пензинерите и учениците на тема:…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Дали надлежните институции се запознати со бетонизацијата на крајбрежјето на Охридското Езеро во општина Дебрца?

Советничката група на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое се вели: „На седницата на Советот на општина Дебрца, одржана на ден 13.11.2015 година, советничката група на СДСМ побара Информација за пешачката патека (а не плажа, како што пренесоа некои медиуми, кое нешто е сосема друг проект) на крајбрежјето на Охридското Езеро, во КО-Оровник, општина Дебрца, чија изградба е во тек. Поаѓајќи од фактот дека Охридското езеро е со закон заштитен споменик на природата, прогласено и за светско природно наследство, ставено под заштита на УНЕСКО и дека преземањето на…

повеќе...

Оглас за самокандидирање на координаторки на Форумот на жени на СДСМ во Вевчани и Дебрца

Оглас за самокандидирање за Координаторки на Форумот на жени во Општинските организации на СДСМ во Вевчани и Дебрца Правилник за работа на Форум на жени на СДСМ Пријава за кандидирање Стандардизирана биографија Стандардизирана програма Изјава за Етички кодекc

повеќе...

Одржан традиционалниот ноемвриски крос во Дебрца

Во рамките на одбележување на Патрониот празник на ЦОУ „Дебрца“ денес пред општинската зграда во с.Белчишта се одржа 11-ти ноемвриски атлетски крос, на кој учествуваа 110 ученици. Секретарот на општина Дебрца, Илија Дуклески најдобрите учесници на кросот ги закити со медали, а наградите ги додели Директорот на ЦОУ „Дебрца“ Иван Димоски. Победници на кросот се: Одделенска настава: Женска конкуренција: Машка конкуренција: 1.Андријана Огненоска 1.Ненад Левески 2.Јана Сиљаноска 2.Димитар Митрески 3.Тамара Трајческа 3.Зоран Николоски Предметна настава: Женска конкуренција: Машка конкуренција: 1.Росана Силјаноска 1.Даниел Цветаноски 2.Мартина Чолеска 2.Антонио Војдиноски 3.Марија Паункоска 3.Цветан…

повеќе...