Интернет-страницата „Телеграф травел“, која постојано ги информира своите читатели за најдобрите дестинации што треба да се посетат низ светот, го вбројува Охрид меѓу 30 најубави мали градови во Европа. Изборот на листата со градови е направен од 300 туристички агенции од Јапонија кои сметаат дека наведените градови во Европа се најубави и се дестинации што „мора“ да се посетат. „Охрид, град во Македонија, кој се наоѓа на брегот на Охридско Езеро, е еден од вкупно 28 места во светот кои се на листата на УНЕСКО и поради природните и поради…
повеќе...Tag: европа
Николоски реизбран за потпретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа
На почетокот на сесијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, шефот на Македонската делегација, Александар Николоски беше реизбран на местото потпретседател на Парламентарното собрание на Совет на Европа. Според распоредот на сесијата Николоски претседаваше со сесијата претпладнево. Во текот на сесијата, при изборот на новите претседатели и потпретседатели на работните тела на Парламентарното собрание, Николоски беше избран и за прв потпретседател на Комисијата за политички прашања и демократија. Во оваа Комисија членуваат шефовите на Делегациите на земјите-членки на ПС на СЕ. Комисијата детално разгледува политички прашања кои спаѓаат во…
повеќе...Во Охрид се одржува 9-та Јуниорска балканска информатичка олимпијада
Во Охрид се одржува 9-тата Јуниорска балканска информатичка олимпијада. Натпреварите започнаа на 14 септември и ќе траат до 19 септември. Јуниорската балканска информатичка олимпијада (JBOI) има за цел да ги мотивира учениците од Источна Европа кои се помлади од 15,5 години, да се заинтересираат повеќе за информатиката, да се тестираат и да ја докажат својата способност за решавање на проблемите со помош на компјутерите, и да се воспостават лични контакти со младите луѓе од регионот на Југоисточна Европа. Оваа Олимпијада е во организација на Здружението на информатичари на Македонија, а на…
повеќе...Македонија дел од „Европската недела на спортот“
Оваа година Република Македонија ќе биде дел од семејството на 28 земји членки на Европската унија, вклучително и Исланд, Норвешка, Лихтенштајн и Турција, кои континуирано го промовираат спортот и физичката активност во Европа, преку една посебна и сé повеќе афирмирана глобална манифестација, а тоа е Европската недела на спортот во организација на Европската комисија. Имено, Министерството за образование и наука покрена иницијатива и поднесе апликација до Европската комисија за добивање согласност за учество на нашата земја во одбележувањето на Европската недела на спортот. Позитивниот одговор на барањето, практично значеше обезбедување…
повеќе...Македонските одбојкари го освоија второто место во Европската лига
Македонската одбојкарска репрезентација претрпе пораз од Словенија во финалето од Европската лига, со што Македонија го освои второто место во Европската лига што претставува најголем успех за нашата одбојкарска репрезентација. Натпреварот започна со поен за Македонија, но набрзо Словенците не само што изедначија, туку веднаш избегаа на неколку поени предност. Следуваше цврста борба на двете репрезентации, Словенија ја одржуваше предноста и го доби првиот сет со 25:21. Во вториот сет, Словенија направи разлика уште на самиот почеток и успеа да ја одржува во текот на целиот сет кој го доби со…
повеќе...Работнички ќе игра против Рубин Казан
Денес беа извлечени двојките за следното квалификационо коло од Лигата на Европа. Тимот на Работнички го доби рускиот Рубин Казан. Првиот натпревар ќе се игра на 20 август на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, додека пак повратниот дуел ќе се игра по 7 дена, односно на 27 август. Победникот од овој дуел ќе игра во групната фаза од Лигата на Европа. WebOhrid
повеќе...Огромен успех за Работнички, елиминиран Трабзонспор
Работнички успеа да го елиминира Трабзонспор од квалификациите за Лигата на Европа. По првиот дуел во Скопје, кој Работнички го доби со 1:0 денес следуваше реванш мечот кој се одигра во Турција. Првото полувреме заврши 0:0. Трабзонспор притисна во второто полувреме и во 55 минута дојде во водство од 1:0. Предноста за Работнички од Скопје беше анулирана, а дополнителен проблем претставуваше исклучувањето на Душко Трајчевски, откако поради два жолти картони доби црвен картон во 65 минута. Но, и покрај предноста на домашните, Работнички успеа да издржи се до крајот на…
повеќе...Минимална, но исклучително важна победа на Работнички против Трабзонспор
Работнички успеа да триумфира против Трабзонспор на првиот дуел од двомечот од третото (полуфинално) квалификационо коло од Лигата на Европа. На Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, Работнички тргна храбро уште на самиот почеток. Многу рано, односно во 23 минута со голот на Блаже Илијоски Работнички дојде во водство од 1:0, резултат со кој се замина на полувреме. Во второто полувреме и покрај притисокот на Трабзонспор да се направи нешто повеќе, Работнички успеа да издржи и да ја зачува предноста од првиот дел. Извршени беа сите измени на обете страни,…
повеќе...Работнички оди во следното коло од Лигата на Европа
Работнички одигра 2:0 против Јеглава во Скопје и со вкупен резултат од 2:1 успеа да оди во следното, трето квалификационо коло од Лигата на Европа. Иако Јеглава забележа минимална победа од 1:0 во Латвија, Работнички успеа во Скопје да ја анулира таа предност и да се пласира во следната фаза од Лигата на Европа. Работнички уште на самиот почеток на натпреварот ја покажа намерата, тргна офанзивно и уште во 6 минута со голот на Блаже Илијоски го отвори резултатот на 1:0. Веќе во 17 минута Сахити зголеми на 2:0 и…
повеќе...Вардар 1:1 АПОЕЛ
Македонскиот фудбалски шампион Вардар иако без пораз од АПОЕЛ, сепак се збогува од овогодишното учество во Лигата на шампиони. На Националната арена „Филип Втори“ во Скопје во рамките од втората рунда од квалификациите за Лигата на шампиони, Вардар одигра 1:1 против АПОЕЛ, но благодарение на правилото гол во гости екипата на АПОЕЛ оди во понатамошната фаза од натпреварувањето. Во сосема неизвесно прво полувреме, Вардар успеа да се држи рамо до рамо со АПОЕЛ. На полувреме се замина со резултат 0:0, а исто темпо се задржа и на почетокот од второто полувреме.…
повеќе...