Нови бомби ја нападнаа екологијата во градот и сето тоа започнува од училишните дворови. И покрај тоа што на нив пишува (на турски) дека не се наменети за деца под 14 години, овие „POP! Grenade“ бомби им се достапни на децата од сите возрасти. Некаде се продаваат за 5, некаде за 10 денари, а се активираат на следниот начин: Се ставаат на земја; Се стегаат или газат со што започнува хемиска реакција; Пукаат при што распрснуваат; Останува отпадот (ретко кое дете го собира отпадот и го фрла во корпа). Овие…
повеќе...Tag: отпад
ЈП „Охридски Комуналец“ ја поддржува акцијата на Елколект
Елколект ДОО во периодот од 4ти Септември 2017 до 31ви Октомври, ќе им овозможи на жителите на општина Охрид да учествуваат во акција за ослободување на своите електрични и електронски апарати и истовремено да станат потенцијални добитници на една од петте вредни награди (ЛЕД телевизор, фотоапарат, смарт телефон, ДВД или тостер). Секој полнолетен граѓанин кој ќе достави отпаден електричен или електронски апарат во еден од еко магацините на Елколект лоцирани на територија на Општина Охрид станува потенцијален добитник на вредна награда. Со зголемување на бројот на донесени отпадни апарати се…
повеќе...Една вечер поезија, 365 вечери депонија
За време на завршната манифестација од Струшките вечери на поезијата, на дрвениот мост во Струга беше истакнат транспарент на македонски, албански и англиски јазик: Една вечер поезија, 365 вечери депонија 1 mbrëmje poezi, 365 mbrëmje deponi 1 evening poetry feel, 365 evenings landfill Транспарентот поставен од страна на граѓанската иницијатива „Стружани за Струга“ има цел да го привлече вниманието од пошироката јавност за проблемите со кои се соочуваат стружани со депонијата во Струга, загадувањето од неа, а особено од нејзиното палење и чад за време на летната туристичка сезона. WebOhrid
повеќе...Подводна еко-патрола
За време на снимањето на подводни сцени од WebOhrid Aquatic, затекнавме многу отпад. Истиот беше собран од наша страна и депониран до најблискиот контејнер. Најзастапен отпад беше стаклото, кое доколку навремено не се извади од водите се крши на многу повеќе парчиња. Би упатиле апел до сите: Да не фрлаат отпад, да не ја загадуваат природата и доколку забележат отпад да се потрудат истиот да го отстранат! А сега, време е за убави нешта! Уживајте во најновите подводни снимки кои ги сними нашата подводна камера… WebOhrid
повеќе...Трајкоски: СДСМ e против спроведување на референдум за изградба на регионална депонија во Дебрца
Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски, денес во изјава за медиумите истакна: „Согласно ингеренците кои ми ги дава градоначалничката функција за справување со новонастанатиот проблем, би сакал да Ве известам и за следново: Имено, изминатиов период сум изложен на константни навреди, клевети и лаги во однос на донесување на одлука за изградба на депонија. Ваквот начин на клеветa беше исцениран преку најразлични содржини на партиски соопштенија, што пак доведоја до потпалување на масата. Ваквиот начин кулминира со упатување на смртни закани по мојот живот и тоа пред очите на пошироката…
повеќе...Комуналниот отпад ќе се подигнува во шест часот наутро
ЈП „Охридски Комуналец” Охрид ги известува граѓаните на територијата на општина Охрид дека почнувајќи од денес 01.07.2017 година комуналниот отпад ќе го подигнува со почеток во 06:00 часот. „Граѓаните се должни комуналниот отпад да го изнесат до 06:00 часот во деновите определени за подигнување на сметот на местата одредени за таа цел.“– велат од претпријатието.
повеќе...Во среда ќе се подигнува кабаст отпад во Косел, Вапила и Ливоишта
ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 31.05.2017 год.(среда) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во с. Косел, с. Вапилаи с. Ливоишта. Се молат граѓаните кои живеат во овој дел, доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
повеќе...СДСМ: Повикуваме веднаш да се најде решение за пожарот што се појави на локалитетот Мауцкер
ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Повикуваме веднаш да се најде решение за пожарот што се појави на локалитетот Мауцкер којшто наместо индустриска развојна зона, веќе неколку години е депонија. Тоа што мандатот на градоначалникот и на советниците од денеска е истечен, не смее да ги доведе во ризик граѓаните и нивните имоти. Од фотографиите во прилог може да се види дека гори сметот на локацијата којашто служи како отпад за градежен шут. ВМРО-ДПМНЕ неодговорно го блокираше формирањето на новата Влада и го одложи изборот…
повеќе...Ќе се уредува чинарот на ул. „Гоце Делчев“, прекин на сообраќајот во Охрид
Општина Охрид во соработка со ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид на ден 03.05.2017 година ќе реализира акција за уредување на крошната на чинарот кој се наоѓа на ул.„Гоце Делчев“ на пресекот со ул „Абас Емин“, населба Кошишта (пред DON маркет). За таа цел на ден 03.05.2017 година од 8:30 до 11:30 часот за сообраќај ќе бидат затворени улиците „Абас Емин“ спрема ул.„Гоце Делчев“ и ул.„Кирил Методиј“ во двата правци. Се молат граѓаните во тој период да ги отстранат паркираните возила на горе споменатата локација како не би дошло до несакани последици…
повеќе...Утре ќе се подигнува акција за кабаст отпад во Лакочереј и Орман
ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре (среда) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во с. Лакочереј, с. Горно Лакочереј и с. Орман. Се молат граѓаните кои живеат во овој дел, доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
повеќе...