Намален бројот на сообраќајни незгоди во Охрид

Воспоставување стабилен режим во сообраќајот за време на летната туристичка сезона, беше една од главните мерки и заложби на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид. Целта на интензивно преземените мерки и акциски контроли, беше подигнување на степенот на сообраќајната безбедност во градот и околните населени места, почитување на сообраќајните правила и прописи, поголема сообраќајна фрекфентност на сообраќајниците и елиминирање на можностите за сообраќајни незгоди. Сообраќајните контроли беа преземани во текот на целото деноноќие, во централното градско подрачје но и надвор од градот, со физичко присуство на полициски службеници…

повеќе...

Општинскиот совет за безбедност со апел за одговорно учество во сообраќајот

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот за внимателно, дисциплинирано, совесно и одговорно учество во сообраќајот и максимално почитување на сообраќајните правила и прописи во текот на првомајските празници, со цел зголемување и унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во Охрид. Во услови кога во Охрид бележиме зголемената фреквенција на сообраќај, посебно во централното градско подрачје, потребно е дисциплинирано управување на патничките и други моторни возила, почитување на пропишаната брзина на движење, исклучиво користење безбедносни појаси, некористење на мобилните телефонони во…

повеќе...

Прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево

На патниот правец Кичево – Охрид на делот Пресека-Врбјани, поради изведување градежни работи на пат (минирање), денес сообраќајот ќе биде во прекин од 11-12 часот и од 13-15 часот.

повеќе...

Програмата на ОСБСП Охрид за 2017 предвидува реализација на повеќе едукативни кампањи

Програмата за работа на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата на град Охрид за 2017 година, предвидува реализација на повеќе едукативни кампањи насочени кон општата јавност и кон сите целни групи-учесници во сообраќајот. Целта е унапредување на безбедноста на сообраќајот во Охрид, подигнување на јавната свест за почитување на сообраќајните правила и прописи, за внимателност во сообраќајот, подигнување на сообраќајната култура кај сите учесници посебно на ранливите категории, намалување на сообраќајните незгоди, загуба на човечки животи, телесни повреди и материјални штети, но и низ идеи да се влијае…

повеќе...

Прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево

Од АМСМ информираат дека денес поради изведување работи на пат (минирање) од страна на ГП Илинден, на патниот правец А2 Кичево – Охрид после планински превој Пресека (кај с.Врбјани) сообраќајот ќе биде во прекин околу 15 минути помеѓу 12.30 и 15.30 часот.

повеќе...

Утре ќе има прекин во сообраќајот на патот Охрид -Кичево

Од АМСМ информираат дека утре, 22.02.2017 (среда) на патниот правец А2 Кичево – Охрид, после планинскиот премин Пресека кај с. Врбјани, поради изведување работи на пат (минирање). Сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 13:00 – 16:00 часот околу 15 – 20 минути.

повеќе...

Успешна година на Општинскиот совет за безбеднoст во сообраќајот на Охрид

Општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на град Охрид имаше исклучително успешна година. Во текот на минатата година реализирани се околу 20 проекти и кампањи насочени кон сите целни групи и кон општата јавност, вели претседателот на ОСБСП, Стефан Димоски. По тој повод, денес на пригодна свеченост, во малата сала на Општина Охрид, Општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот, на 50 субјекти им додели благодарници за посебен придонес во подигнувањето на свеста за одговорно учество во сообраќајот и сообраќајната култура во 2016 година. „Целта на овие проекти кои што…

повеќе...

Забрана за движење на тешки товарни возила на Пресека

Рано утрово во 05:30 часот на патниот правец Кичево-Охрид на планинскиот превој „Пресека“ и обратно поради обилни врнежи од снег и подмрзнување на коловозот, воведена е забрана за движење на ТМВ.

повеќе...

Забрана за тешки товарни возила на Маврово, Ѓавато и Деве Баир

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Маврово, Ѓавато и на патниот правец Крива Паланка- граничен премин Деве Баир. Поради врнежи од снег затворени се за сообраќај патиштата кон селата Герман,Гошинце и Алешевце. Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, а во западниот и северниот дел од државата со остатоци од снег, по интервенција на екипите на Македонијапат.

повеќе...

Пет автомобили и едно товарно возило излетале од патот кај Пресека

Пет патнички автомобили и едно товарно возило се излетани од коловозот на магистралниот пат Охрид-Кичево на потегот од Ново село до планинскиот превој Пресека. Нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета. Причините за излетувањето на возилата е голомразица на коловозот, замрзнат дожд, но и неприлагодена брзина на движење према условите и состојбите на патот. СВР Охрид веќе го засилува полициското присуство на патниот потег Охрид-Кичево, направена е координација и со полициската станица од Кичево за интензивирање на полициски патроли на магистралниот пат на потегот од Извор до Пресека. За…

повеќе...