Најдоцна до март следната година ќе заврши проектирањето на патот Тетово – Чегране – Брвеница – Гостивар по што ќе следи избор на изведувач на градежните работи, информира премиерот Никола Груевски. Изградбата на патот е предвидена со Програмата, што, според Груевски, значи дека ќе се реализира. „Проектирањето треба да заврши во март следната година и потоа да почнат процедурите за избор на изведувач. Светската банка го поддржува овој проект на Република Македонија, така што очекувам во текот на следната година да почне изградбата, односно реконструкцијата и рехабилитацијата на овој патен…
повеќе...Tag: патишта
За 1,5 година електронска наплата на патарини на Коридорот 10
За година и половина наплатата на патарините долж Коридорот 10 треба да се одвива комплетно електронски преку бесконтактни смарт-картички и микробранови транспондери со кои возачите ќе можат да поминуваат со намалување на брзината на движење без застанување. Инвестицијата од 18,7 милиони евра во модернизација и воведување електронски систем на наплата на патарините ќе ја реализира турската компанија „Аселсан“. Договорот го потпишаа денеска потпретседателот на „Аселсан“ Суад Бенгур и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски во присуство на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за…
повеќе...Денес до 16 часот стариот пат Подмоље-Струга ќе биде затворен за сообраќај
Поради изведување градежни зафати на патната делница Подмоље-Струга (стар пат), денес до 16 часот овој патен правец ќе биде затворен за сообраќај. Градежните зафати ќе се изведуваат на потегот од Подмоље до Евро хотел поради што сообраќајот ќе биде пренасочен кон магистралниот пат Подмоље-Ќафасан. До возачите на патнички и други моторни возила СВР Охрид упатува апел за почитување на поставената светлосна сигнализација се со цел безбедно одвивање на сообраќајот на овој патен правец.
повеќе...Одржан координативен состанок за зимско одржување на патиштата
Во пресрет на зимата, денеска се одржа координативен состанок за одржување на патиштата во зимски услови, на кој присуствуваа претставници од општина Охрид, Сектор за комунални дејности, сообраќај и патишта и сообраќајниот инспекторат, Јавното претпријатие „Охридски Комуналец, СВР – Охрид, полициските станици Струга, Кичево и Дебар, општина Дебрца како и претставници од Агенцијата за патишта и Јавното претпријатие „Македонија пат“. Ваков тип на координативен состанок се одржува секоја година пред почетокот на зимата се со цел надминување на проблемите кои се појавиле во претходната сезона кога е задолжително поседување на…
повеќе...Укината забраната за движење на тешки товарни возила
Забраната за тешки моторни возила која беше воведена во 12:00 на патниот правец Гостивар – Стража и Гостивар – Маврово е укината. Сообраќајот е нормализиран за сите моторни возила. Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по влажни коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.…
повеќе...Секторот за комунален развој, улици и патишта со нови термини за прием на граѓани
Се известуваат граѓаните на општина Охрид, дека Секторот за комунални дејности, сообраќај и патишта од денес започна со прием на граѓани. Сите граѓани кои имаат потреба од средба со претставниците на секторот, можат да ја остварат во период од 14 до 16 часот во простории на секторот кои сега се лоцирани во општинската зграда. Од секторот се надеваат дека со оваа нова форма на комуницирање со граѓаните, побрзо и поефикасно ќе се лоцираат и решаваат проблемите од комуналната сфера.
повеќе...Прекин на сообраќајот во двата правци на делницата Пресека-Врбјани
Поради минирање на теренот во близина на патната делница Пресека – село Врбјани на магистралниот пат Охрид-Кичево, денес на овој патен правец ќе има триесет минутно сопирање на сообраќајот во двата правци. Застој на сообраќајот е предвиден во времето од 13:50 до 14 часот и 20 минути кога полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај ќе го стопираат сообраќајот во правец Охрид–Кичево. Истовремено, сообраќајната полиција од полициската станица во Кичево ќе го сопре сообраќајот во правец Кичево–Охрид. Застојот на сообраќајот на магистралниот пат Охрид-Кичево кај делницата Пресека-село…
повеќе...Писмо: „Писта“ од Ботун до Белчишта, а во Мешеишта!?!
Помина навистина долго време откако Општината Дебрца ни подметна „легнати полицајци“ во Мешеишта. Не се навикнавме на нив, ниту се означени ниту пак изгледаат дека се плански направени: некаде пошироки, некаде потесни, некаде повисоки, а некаде пониски… со други зборови – дива лига. Згора на тоа – урааа канализација!!! Ископани се сите можни улички низ Мешеишта. Успеавме сами да си ги санираме (барем малку) оние неасфалтираните улички, а на асфалтираните – ровови… ОПАСНО!!! Не дај боже некој што не ги знае да налета со автомобилот на нив! Без ниту еден…
повеќе...Едночасовен застој на сообраќајот на магистралниот пат Охрид-Кичево кај делницата Пресека-Врбјани
Поради минирање на теренот во близина на патната делница Пресека – село Врбјани на магистралниот пат Охрид-Кичево, денес на овој патен правец ќе има едночасовно сопирање на сообраќајот во двата правци. Застој на сообраќајот е предвиден во времето од 13:30 до 14:30 часот кога полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај ќе го стопираат сообраќајот во правец Охрид – Кичево. Истовремено, сообраќајната полиција од полициската станица во Кичево ќе го сопре сообраќајот во правец Кичево – Охрид. Застојот на сообраќајот на магистралниот пат Охрид-Кичево кај делницата Пресека-село…
повеќе...Светска Банка одобри 70,98 милиони долари за подобрување на патната мрежа
Светска банка го одобри кредитот во износ од 70,98 милиони долари за Проектот за рехабилитација на магистрални и регионални патишта за Република Македонија. Целта на проектот е да се подобри поврзаноста на избрани магистрални и регионални патишта, првенствено кон коридорите 10 и 8, како и да се зајакнат капацитетите на Јавното претпријатие за државни патишта за прашањата за безбедност на патиштата и опторност кон климатските промени. „Македонија како континентална земја е особено зависна од добро развиена транспортна мрежа за нејзиниот економски и социјален развој, “објаснува Татјана Проскурјакова, директор на Канцеларијата…
повеќе...