САД и додели опрема на Царинската Управа вредна 145 илјади американски долари

Денес, Програмата EXBS на Амбасадата на САД во Република Македонија свечено ја врачи донацијата на опрема наменета за спречување на незаконско тргување со стоки на Царинската управа и Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Опремата која денес ѝ беше донирана на Царинската управа се состои од рачен рентген скенер од најнова генерација, вреден 50 илјади долари, потоа фиберскопи, бастери, детектори за радијацијаи друго. На свеченоста по повод примопредавањето, која се одржа на граничниот премин Блаце присуствуваа директорката на Царинската управа, г-ѓа Наташа Радеска Крстевска, помошник директорот на Секторот за…

повеќе...

Претседателот Иванов оствари средба со амбасадорите на САД, ЕУ, ОБСЕ, Р. Турција и претставникот на НАТО во Република Македонија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ги прими г. Џес Бејли, амбасадор на Соединетите Американски Држави, г. Аиво Орав, шеф на Делегацијата на Европската унија, г-ѓа Мариане Берец, вршител на должноста шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, капетан Румен Радев, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО и амбасадорот на Република Турција, г. Омур Шолендил, како НАТО контакт амбасадор. На средбата македонскиот претседател ги информираше соговорниците за вчерашната седница на Советот за безбедност, при што беа разменети информации и мислења за последните случувања во Куманово и безбедносната…

повеќе...

Претседателот Иванов се сретна со амбасадорите на САД, ЕУ, ОБСЕ и претставникот на НАТО во Република Македонија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ги прими г. Џес Бејли, амбасадор на Соединетите Американски Држави, г. Аиво Орав, Шеф на Делегацијата на Европската унија, г-a Мариан Берец, Вршител на должноста Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и шефот на Канцеларијата за врски на НАТО, капетан Румен Радев. На средбата беа разменети мислења и информации околу актуелната политичка состојба во Република Македонија, како и за состојбите и очекувањата во врска со членството на Република Македонија во ЕУ и во НАТО. Претседателот Иванов истакна дека Република Македонија високо…

повеќе...

Доктори од САД пренесуваат вештини и знаења на медицинските тимови за неонатална реанимација

Тим доктори од Соединетите американски држави обучува тимови од Македонија за неонатална реанимација. Обуките се вршат преку теоретски предавања и пренесување практични вештини кои треба да помогнат во справување со одредени проблеми кои се јавуваат кај новороденчињата во првите часови по породувањето. „Ова е многу значајно за нас и за секоја една земја имајќи предвид дека според статистиката која што ја имаме околу 90 проценти од раѓањата поминуваат без проблем, но кај 10 проценти од раѓањата понекогаш е потребна и реанимација која што е многу значајно да биде направена брзо,…

повеќе...

Продолжува одличната одбранбена соработка меѓу Македонија и САД

Македонија и САД се две пријателски земји со исклучително развиена соработка на полето на одбраната. Оваа соработка претставува несомнен бенефит за развојот на двете земји, но и за зацврстувањето на мирот, слободата и безбедноста во регионот и светот. Тоа беше заклучено на денешната средба на министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски и новопоставениот амбасадор на Соединетите Американски Држави во нашата земја, Џес Бејли. Министерот Јолевски се заблагодари за поддршката за членство на Република Македонија во Алијансата и посочи дека Македонија е подготвена и „де јуре“ да стане полноправен…

повеќе...

Поддршка од Соединетите Американски Држави за членството на Македонија во НАТО

Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија се подготвени веднаш да ги преземат обврските кои произлегуваат од полноправното членство во НАТО алијансата. Македонија продолжува со својот придонес во меѓународните мировни мисии, меѓу кои и мисијата “Одлучна поддршка”, со што се одржува континуитетот во поддршката за воспоставување на мир, демократија и просперитет на глобално ниво. Тоа го истакна министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски на вчерашниот состанок во американскиот Стејт департмент со Хојт Ји, заменик помошник секретар за Европа и Евроазија. Министерот Јолевски и заменик-помошникот секретар Ји разменија…

повеќе...

Цврста заложба за интензивирање на соработката помеѓу специјалните сили на Македонија и на Соединетите Држави

Министерството за одбрана на Република Македонија оддава големо значење на специјалните сили, кои секојдневно покажуваат исклучителни способности и капацитети. За нас е значајно специјалните сили во рамките на Армијата на Република Македонија да споделуваат искуства и знаења со специјалните сили на Соединетите Држави бидејќи тоа е најдобриот начин уште повеќе да го подигнеме квалитетот на овој значаен дел од Армиите на Република Македонија и на Соединетите Американски Држави. Тоа го истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски на вчерашните средби во Командата на Специјалните сили на Соединетите Држави…

повеќе...

Груевски: Посетата на САД успешна, американски компании најавија инвестиции

Владиниот тим предводен од премиерот Никола Груевски, со учеството на бизнис форумот во Лас Вегас, ја заврши неколкудневната економска посета на САД. Како што изјави Груевски по форумот, посетата на САД е повеќе од успешна. Дел од компаниите и стопанствениците со кои се остварени средби, најавија инвестиции во Македонија. „Посетивме четири четири големи значајни града, Њујорк, Чикаго, Лос Анџелес и Лас Вегас, доста компании. На презентациите имаше многу присутни, голем беше интересот, се поставија многу прашања и се остварија многу лични контакти. Неколку компании веќе најавија доаѓање во Македонија дури…

повеќе...

Владина делегација по нови инвестиции во САД

Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски од денеска во наредните неколку денови ќе ги запознаат потенцијалните инвеститори од Њујорк и повеќе други градови во САД со можностите за правење бизнис во Македонија. Економската посета почнува денеска попладне по американско време со бизнис форум во Њујорк што ќе го отвори премиерот Никола Груевски. Бизнис форумот ќе се реализира во соработка со групацијата „Фајненшл тајмс“ при што пред повеќе претставници на бизнис секторот од Њујорк и САД ќе бидат преставени инвестициските можности и потенцијали кои стојат на располагање за инвестирање во…

повеќе...

Еминентни професори од САД – приклучени во наставата по англиски јазик во ОУ „Христо Узунов“

Веќе два дена во ОУ „Христо Узунов“ престојуваат еминентни професори од Соединетите Американски Држави, кои што по нивно барање биле приклучени во наставата по англиски јазик во ова училиште. Тие одржуваат настава во повеќе одделенија од второ, вклучувајќи ги и четврто и шесто одделение, како и во другата смена од прво, трето, петто и седмо одделение. „Доста интересен пристап кон изведување на наставата, доста интересна за нашите ученици и сме благодарни на колегите од САД кои што не удостоија да одржат едни такви предавања во нашето училиште. Типот и реализацијата на часот…

повеќе...