Намален бројот на сообраќајни незгоди во Охрид

Воспоставување стабилен режим во сообраќајот за време на летната туристичка сезона, беше една од главните мерки и заложби на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид. Целта на интензивно преземените мерки и акциски контроли, беше подигнување на степенот на сообраќајната безбедност во градот и околните населени места, почитување на сообраќајните правила и прописи, поголема сообраќајна фрекфентност на сообраќајниците и елиминирање на можностите за сообраќајни незгоди. Сообраќајните контроли беа преземани во текот на целото деноноќие, во централното градско подрачје но и надвор од градот, со физичко присуство на полициски службеници…

повеќе...

Светскиот ден без автомобили одбележан во Охрид со возење велосипеди

Во организација на Секторот за заштита на животната средина и управување со отпад при општина Охрид, денес беше одблежан светскиот ден без автомобили. Заменик градоначалникот Ангел Јанев нагласи дека одбележувањето на овој ден е потсетување дека загадувањето на атмосферата преку издувните гасови на автомобилите е една од главните причини за климатските промени што се случуваат низ светот. „Во што поголем број да им се придружиме на останатите градови во земјава и светот и кон пораките за зачувување на чистата средина и чистиот воздух. Ние сме свесни дека сообраќајот во Охрид…

повеќе...

Комуналец од Кичево изведува градежни активности на тротоарите во Охрид

Во шпицот на летната туристичка сезона, надлежните работат на тротоарот на булеварот „Туристичка“, на потегот од улицата „Јане Сандански“ до улицата „АСНОМ“. Охриѓани се изненадени од тоа што градежните активности ги изведува ЈKП „Комуналец“ од Кичево. WebOhrid

повеќе...

Разладување со отворена врата при возење

Жешкото време и високата температура се непријатни и за возачите и за патниците кои се превезуваат. Возачите кои имаат понови автомобили не може да замислат возење без клима, а оние со стари автомобили кои немаат клима мораат да бараат начин за разладување, возат со отворени прозорци, па дури и врати. WebOhrid

повеќе...

Пуштени во употреба семафорите на пресекот на ул. „Железничка“ и „Кленоец“

На барање на граѓаните, а во рамките на програмата за работа на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, во соработка со СВР Охрид, денеска во употреба беа пуштени семафорите на пресекот на улиците „Железничка„ и „Кленоец“. Оваа крстосница беше позната како место каде што се случуваа голем број сообраќајни несреќи. Од Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици сметаат дека со поставувањето на семафорите ќе се зголеми безбедноста на одвивањето на сообраќајот.

повеќе...

Општинскиот совет за безбедност со апел за одговорно учество во сообраќајот

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот за внимателно, дисциплинирано, совесно и одговорно учество во сообраќајот и максимално почитување на сообраќајните правила и прописи во текот на првомајските празници, со цел зголемување и унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во Охрид. Во услови кога во Охрид бележиме зголемената фреквенција на сообраќај, посебно во централното градско подрачје, потребно е дисциплинирано управување на патничките и други моторни возила, почитување на пропишаната брзина на движење, исклучиво користење безбедносни појаси, некористење на мобилните телефонони во…

повеќе...

Акцијата за расчистување на јавните површини продолжува во Пештани

Продолжува акцијата на Ј.П. „Охридски Комуналец“ за расчистување на јавните површини. Денес се работи во Пештани. Активирани се четворица работници за чистење на улиците од наноси на земја и песок, се отстранува тревата од тротоарите и се чисти плажата од трска и комунален отпад. Акцијата ќе продолжи и во текот на утрешниот ден.

повеќе...

Тампонирани повеќе локални улици во Врбјани и Брежани

Во Општина Дебрца во тек се градежни активности околу тампонирање на најоштетените и најнепристапни локални улици во селата Врбјани и Брежани. Според Градоначалникот Игор Трајкоски, со овој градежен зафат се потврдуваат напорите на општината за подобрување на животот на жителите на целата територија.  „Станува збор за тампонирање на две локални улици во село Врбјани, со ширина од 3 метри и вкупна должина од 600 метри, како и тампонирање на една локална улица во село Брежани со ширина од 3 метри и должина од 700 метри. Се надеваме дека со тампонирањето на…

повеќе...

Асфалтирани повеќе пристапни улици во градот

Деновиве на територијата на општина Охрид се одвиваа активности за асфалтирање на повеќе пристапни улици. Со овој зафат беа асфалтирани краци од улиците „Кирил и Методиј“ со вкупна површина од 540 м2, „Охридска Бригада“ со вкупна површина од 494 м2, „7-ми Ноември“ со површина од 180 м2, „Даме Груев“ со површина од 129 м2. На улицата „Ариф Мустафа“ се асфалтирани три краци во вкупна површина од 795 м2, асфлатиран е и пристапниот пат на улицата „Ванчо Питошески“ со вкупна површина од 175 м2, пристапниот пат на улицат „Питу Гули“ со површина…

повеќе...

Улицата „Питу Гули“ еднонасочна!?!

Улицата „Питу Гули“ е еднонасочна!?! Не е, но овој знак веќе денови наназад ги збунуваше возачите. Станува збор за сообраќајниот знак „Забрана за сообраќај во една насока“, кој кога го гледате од кружниот тек помеѓу улиците „Сирма Војвода“ и „Јане Сандански“ делува како да е забранет приодот кон  улицата „Питу Гули“. Утрово, по укажувањето од нашиот фоторепортер, а благодарение на вработените во ЈП „Охридски Комуналец“ кои се најдоа на лице место, овој знак беше вратен во неговата првобитна положба. WebOhrid

повеќе...