Министерството за здравство од декември, годинава, почнува со реализација на новите мерки за унапредување на здравјето на бремените жени и доенчиња. Од 1 декември ќе бидат ослободени од партиципација за сите прегледи, согласно антенаталното упатство, бремените жени кои се здравствено осигурани, што значи дека за сите услуги што треба да ги направат на секундарно ниво како лабораториски и микробиолошки прегледи и скрининзи за кои е потребна партиципација нема да плаќа ниту една бремена осигурена жена, информираше на прс-конференција д-р Јованка Костовска, државен советник во Министерството за здравство. Сите здравствени установи…
повеќе...Tag: жени
Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените под мотото Стави точка
Министерката за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски заедно со дел од вработените што работат на проблематиката за семејно насилство во Министерството за труд и социјална политика се приклучи на одбележувањето на 16-дневната кампања по повод „Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените“, како дел од глобалниот активизам, што ќе трае до 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права. Годинава кампањата се одвива под мотото „Обој го светот во портокалово, ставете точка на насилството врз жените и девојките“. На Плоштадот „Карпошово Востание“ во Скопје голем број на…
повеќе...Нови мерки на Министерството за здравство за намалување смртност кај доенчиња и мајки
Бесплатни гинеколошки и микробиолошки прагледи на бремените жени, биохемиски анализи вклучувајќи го и подродувањето, советување на бремените жени при посетата од страна на патронажните служби, советување и еден бесплатен гинеколошки преглед на жените од ромската популација како и доктори гинеколози од Универзитетската клиника и клиниката во Чаир еднаш неделно да работат во Здравствените домови, се четирите нови мерките кои денеска на прес-конференција ги најави министерот за здравство Никола Тодоров за намалување на смртноста на доенчиња и мајки. „Доенечката и мајчината смртност се области кои се актуелни во светски рамки, и…
повеќе...Хуманитарна акција „Детската насмевка е повредна од највредното богатство” на Форумот на жени на СДСМ Охрид
Под мотото „Детската насмевка е повредна од највредното богатство”, Форумот на жени на СДСМ Охрид вчера организира хуманитарна акција по повод 20-ти Ноември, Меѓународниот ден на детето. Форумот своите кулинарски специјалитети ги изложи на продажба пред своите сопартијци. Средствата собрани од хуманитарната акција ќе бидат наменети за деца кои живеат во семејства со тешка финансиска состојба. „Со оваа хуманитарна акција имаме за цел да потсетиме дека децата се ранлива категорија на општеството, а општеството е тоа кое треба да ја обезбеди нивната благосостојба. Децата се нашите идни судии, во текот…
повеќе...Оглас за самокандидирање на координаторки на Форумот на жени на СДСМ во Вевчани и Дебрца
Оглас за самокандидирање за Координаторки на Форумот на жени во Општинските организации на СДСМ во Вевчани и Дебрца Правилник за работа на Форум на жени на СДСМ Пријава за кандидирање Стандардизирана биографија Стандардизирана програма Изјава за Етички кодекc
повеќе...Првиот официјален настан GIT OPEN со покажаниот интерес говори за потребата од постоењето на Girls in Tech Macedonia
Girls in Tech Macedonia го одржа својот прв официјален настан, GIT OPEN, кој ги претстави активностите на организацијата во изминатиот период како и планираните активности и проекти за следните неколку месеци. На GIT OPEN присутите имаа можност да се запознаат со целите и програмата на организацијата за следниот период. Од организацијата велат дека планираат и подготвуваат возбудливи настани за следните неколку месeци. Како дел од програмата на Girls in Tech Macedonia беа најавени неколку настани, меѓу кои и Lady Pitch Night, bootcamp, хакатон, конференција, итн. На овој собир беа претставени…
повеќе...Оглас за самокандидирање на координаторки на Форумот на жени во Аеродром и Кочани
Оглас за самокандидирање за Координаторки на Форумот на жени во Општинските организации на СДСМ во Аеродром и Кочани Правилник за работа на Форум на жени на СДСМ Пријава за кандидирање Стандардизирана биографија Стандардизирана програма Изјава за Етички кодекc
повеќе...Женската ракометна репрезентација поразена од Црна Гора на стартот од квалификациите за ЕП
Македонската женска сениорска репрезентација со пораз од фаворизираната Црна Гора ги стартуваше Квалификациите за ЕП, откако денеска загуби на гостувањето во Бар со 21-14. Црногорките го започнаа натпреварот со одлична игра во одбраната, а предводени од Булатовиќ која постигна три гола во првите 7 минути од натпреварот, најпрво поведоа со 4-0, а потоа и со 7-2. Сепак, Николиќ, Саздовска, Ристовска и Елена Ѓеорѓиевска постигнаа четири погодоци за Македонија во следните 4 минути и намалија на 8-6. До полувремето Црна Гора успеа повторно да го зголеми водството, кое сепак на паузата…
повеќе...РК „Лихнид“ ја започнува новата историја во охридскиот ракомет
Ракометниот клуб „Моби Дик“ од Охрид годинава со ново име. Со решение од Централниот регистар на Република Македонија, клубот продолжува под името РК „Лихнид“. Како и минатата година, така и оваа, РК „Лихнид“ ќе се натпреварува во женската пионерска ракометна лига во Република Македонија. Главна цел во оваа натпреварувачка сезона е освојување на едно од првите две места во групата во која се натпреварува, кои водат во завршното разигрување каде ќе се одлучува шампионот на Македонија во оваа конкуренција. Првиот натпревар РК „Лихнид“ го игра во сабота со почеток во…
повеќе...Кампањата LIVE YOU GOALS по втор пат организирана во Скопје
Кампањата LIVE YOU GOALS повторно ја обедини играта, забавата и другарството на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Повеќе од двесте девојчиња на возраст од пет до 13 години беа дел од најпрепознатливата иницијатива на ФИФА за развој на женскиот фудбал. Многумина од нив за прв пат ја допреа фудбалската топка, но токму тоа е целта на LIVE YOU GOALS кампањата – поканети се сите кои ја сакаат играта и кои делат правилни спортски вредности. Настанот го отвори генералниот секретар на Фудбалска Федерација на Македонија, по што на учесниците им…
повеќе...