Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов по повод одбележувањето на 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука упати честитка која интегрално ја пренесуваме. „Почитувани сограѓани, 22 Ноември го одбележуваме како ден на кој е усвоено современото и единствено албанско писмо. На конгресот во Битола одржан во далечната 1908 година е унифицирана и e усвоена азбуката која денеска се користи како единствено писмо на сите Албанци. Албанскиот јазик е нераскинлив дел од јазичното и културно богатство на Република Македонија. Негувајќи ја културната и етничка разноликост го осознаваме значењето на писмото…
повеќе...Tag: албанија
Директорот на БЈБ, Савовски на билатерална средба со Хаки Чако, директор на полицијата на Албанија
Директорот на Бирото за јавна безбедност на Република Mакедонија, м-р Горанче Савовски утре во Валона, Република Албанија, ќе оствари билатерална средба со Хаки Чако, директор на албанската полиција. Средбата ќе се реализира на покана на албанската страна и претставува продолжение на досегашните многубројни реализирани билатерални средби на сите нивоа помеѓу двете земји. На средбата на директорите ќе стане збор за унапредување и продлабочување на билатералната и оперативната меѓународна соработка на МВР на Р.Македонија со МВР на Република Албанија, изразена, меѓу другото преку заложбите за подобрување на добрососедските односи и развивање…
повеќе...Земјотрес ги вознемири жителите во југозападна Македонија
Утрово во 7 часот и 26 минути во Охрид беше почувствуван земјотрес кој траеше околу 15 секунди. Неговиот епицентар беше во Албанија, 34 километри источно од Тирана, со интензитет од 4,9 степени според Рихтер на длабочина од 10 километри. Земјотресот најмногу беше почувствуван во Тирана и околните населени места, но и кај нас, во југозападниот дел од Македонија. Во изминатите 24 часа на истото подрачје беа регистрирани неколку земјотреси. WebOhrid
повеќе...Претседателот на СДСМ, Заев се сретна со амбасадорот на Албанија во Македонија, Фатос Река
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Албанија во Република Македонија, Фатос Река. На средбата се зборуваше за актуелната политичка состојба во Република Македонија, за демократските предизвици со коишто се соочува земјава, како и за можностите за продлабочување на соработката помеѓу Македонија и Албанија. Претседателот Заев го информираше амбасадорот Река за текот на преговорите помеѓу четирите политички партии потписнички на договорот од 2-ри јуни/15-ти јули. „Роковите се дефинирани и треба да бидат испочитувани како и превземените обврски. Специјален обвинител мора да се избере. Очекуваме…
повеќе...Соопштение на МОН
Континуираната плодна соработка помеѓу Министерството за образование и спорт на Република Албанија и Министерството за образование и наука на Република Македонија, соработка која оваа година беше официјализирана со потпишувањето на Договорот за соработката во областа на образованието и науката помеѓу двете министерства, на почетокот на јуни оваа година, во Валона, Република Албанија, Советот на министри на Република Албанија, на 22.07.2015 донесе Решение бр. 638, “За квотите на прием во јавните институции на високото образование во програмите од прв циклус, професионални не-универзитетски студиски програми и интегрирани програми од втор циклус, редовни…
повеќе...Актерската игра на Турскиот и Албанскиот театар покажаa зошто овие две установи егзистираат 6,5 децении
Извонредната театарска игра на актерите од Албанскиот и Турскиот национален театар од Скопје докажаа дека со право опстојуваат на македонската театарска сцена цели шест и пол децении. Копродукцискиот драмски проект „Слуга на двајца господари“ на текст од италијанскиот комедиограф Карло Голдони а во режија на Јуџел Ертен на публиката на „Охридско лето“ и ја долови реалната мултилингвална средина. Љубовта и лебот, двете нешта кои во современиот свет добиваат тешки димензии, но се вечно актуелни теми поради што беа предизвик и за режисерот Ертен. „Отсекогаш ми се допаѓаше спојот на јазиците…
повеќе...Албанските уметници даваат значаен придонес во музичката програма на „Охридско лето“
На програмата на „Охридско лето“ значајно место зема и учеството на албанските уметници кои даваат значаен придонес во музичката програма. Тоа се уметници потврдени на светската сцена. Во фестивалската историја ќе бидат запаметени извонредните уметници од Албанија, како Петрит Чеку, Рудин Ленго, Теди Папаврами, итн. Оваа година, во неа ќе се запишат пијанистката Мерита Реџа Тершана, виолинистот Клаиди Сахтачи и челистот Пјетер Гураљуми. Вечерашниот концерт е во стандардниот термин 21 часот во црквата Света Софија. Пијанистката Мерита Реџа Тершана е една од најактивните музички уметници во Албанија. Во текот на…
повеќе...Билатерална средба на експертско ниво меѓу директорите на македонската и албанската полиција
Поефикасна размена на искуства, изнаоѓање заеднички поефективни механизми за справување со актуелните миграциони текови и зголемена соработка во областа на организираниот криминал и исламскиот екстремизам, беа централните теми на разговори на билатералната средба на експертско ниво меѓу директорите на македонската и албанската полиција, што денес се одржа во Охрид. Билатералната соработка помеѓу полициските служби на Република Македонија и Република Албанија се одвива согласно правната регулатива и протоколот за соработка, низ практична имплементација на применетите форми на прекугранична и оперативна полициска соработка, рече во своето излагање директорот на бирото за јавна…
повеќе...Македонија ја продлабочува соработката во областа на образованието и науката со Албанија и Косово
Министерот за образование и наука М-р Абдилаќим Адеми, денес потпиша договор за соработка во областа на образованието и науката со Министерот за образование и спорт на Република Албанија, Линдита Никола и со Министерот за образование и технологија на Република Косово, Арсим Бајрами. Договорот е потпишан во рамките на четвртиот министерски состанок „Платформа за образование и обука на Западен Балкан“ кој што се одржува во Валона – Република Албанија, организиран од Европската комисија, каде што учествуваат министрите за образование од земјите од регионот. По потпишувањето , министерот Адеми истакна дека со…
повеќе...Притворен албански државјанин поради фалсификување исправа
На 14-ти јуни околу 10,00 часот на Граничниот Премин Свети Наум-Охрид на влез во Република Македонија приведен е М.Д.(31) од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение дека неговата патна исправа и возачката дозвола се фалсификувани. Против истиот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, а од страна на Основен Суд-Охрид одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.
повеќе...