Министерот Ивановски на конференција во Охрид

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес се обрати на отварањето на шестата меѓународна конференција „ИКТ Иновации2014” која се одржува во Охрид. Во своето обраќање министерот Ивановски укажа на активностите што се преземаат во Република Македонија за отворање на податоците што ги поседуваат државните институции. „Македонија како 32 држава потписник на Договорот за отворено владино партнерство се обврза да ги отвара податоците и веќе сме едни од лидерите во светот по бројот на отворени податоци, и тоа не само во облик достапен за граѓаните, туку и во машински…

повеќе...

Претседателот на СДСМ Заев ги објави првите луѓе на тимот

На прес-конференција, денес претседателот на СДСМ, Зоран Заев ги објави првите луѓе на тимот. Го пренесуваме целосно неговото обраќање: „Почитувани граѓани, Направен е вториот чекор во реализацијата на Стратегијата за политичко делување на Социјалдемократскиот сојуз. Утврдена е кадровската поставеност на столбот што го најавивме како Централен систем на комисии, што внимателно ќе ја следи работата на секое министерство, орган, институција, на централно и на локално ниво и ќе ги корегира штетните политики со спротивставување на сериозна, квалитетна, реална и видлива алтернатива. Сакам да ве известам дека Извршниот одбор на партијата…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески утре ќе присуствува на две меѓународни конференции

Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески утре (10 септември- среда) ќе присуствува на заеднички настан кој се однесува на две меѓународни конференции. Затворање на конференцијата “ADBIS 2014“ и отворањето на конференцијата ICT innovation 2014. Meѓународната конференција ADBIS има за цел да обезбеди форум на кој што истражувачите и практичарите од областа на бази на податоци и информациски системи може да дискутираат , да разменат идеи и да ги споделат своите достигнувања и визии. Конференцијата ICT inovation 2014 има мисија да го поддржи развојот на информатичките и комуникациски технологии во Македонија,…

повеќе...

Работилница за спречување на насилство и недолично однесување на стадионите

Денес во организација на невладината организација Трибина за единство и Фудбалската Федерација на Македонија, се одржа отворена работилница за состојбите во организацијата на натпреварите од МФЛ, сузбивање на насилство, безбедност и присуство на навивачките групи на стадионите во Р. Македонијакако и за правилна и оправдана примена на Законот за спречување на насилство и недлично однесување и безбедност на стадионите. На средбата учествуваа Министерката за внатрешни работи – Гордана Јанкуловска, директорот на бирото за јавна безбедност – Митко Чавков, Началник за Град Скопје- Горанче Савовски,Помошник на началникот на СВР Скопје –…

повеќе...

Македонската репрезентација подготвена за новиот квалификациски циклус

Селекторот на македонската А репрезентација Бошко Ѓуровски денеска на прес конференција пред новинарите и претставниците на медиумите го објави списокот на играчи на кои ќе смета за првиот натпревар од квалификациите за ЕП 2016, против Шпанија што ќе се одигра на 8 септември во Валенсија. Тој притоа во своето обраќање објасни дека на списокот се најподготвените играчи кои треба да се обидат да направат добар резултат. „Респект кон Шпанија како една од најдобрите репрезентации во светот. Екипа која има врвни играчи на секоја позиција од тимот, но исто така екипа…

повеќе...

Поддршка за превод на 16 македонски дела од странски издавачи

Министерството за култура ќе поддржи 16 проекти на 15 автори за превод на македонски дела на странски јазици, информираше министерката Елизабета Канческа-Милевска. На прес-конференцијата во Струга таа рече дека има голем интерес од странските издавачки куќи за превод на дела од македонски автори. Во Министерството за култура пристигнале 36 апликации од издавачки куќи од 15 земји: Канада, Полска, Чешка, Хрватска, Србија, Руска Федерација, Германија, Словенија, Белгија, Црна Гора, Албанија, Шпанија, Турција, Бугарија и Украина. „Конкурсот за странски издавачи е една од најкрупните реформи во областа на издавачката дејност во Република…

повеќе...

Охридскиот пливачки маратон – дел од туристичката понуда на Охрид

Дваесет и двајца натпреварувачи од 14 земји ќе учествуваат на 28 -иот Пливачки маратон што утре ќе се одржи на патеката „Климе Савин“ од манастирот „Свети Наум“ до Градското пристаниште во Охрид. На 30-километарската патека во водите на Охридското Езеро точно напладне ќе запливаат 16 мажи и 6 жени од Казахстан, Бразил, Аргентина, Италија, Белгија, Франција, Македонија, Германија, Чешка, Хрватска, Русија, Шпанија, … „Го најавувам почетокот на 60-то издание на Охридскиот пливачки маратон. Ова е јубилејно издание со оглед на тоа што пред 60 години за прв пат во водите на Охридското Езеро…

повеќе...

Во недела свечено ќе биде отворен фестивалот „Piano Summer Ohrid“

За прв пат во Охрид, од недела 17-ти  до 27-ми август ќе се одржи фестивал од светски рамки и меѓународна летна академија „PIANO SUMMER OHRID“, во организација на здружението КЛАВИРСКО ЛЕТО, оформено од страна на македонски и странски државјани меѓу кои и реномирани уметници. Целта е како што велат организаторите, да се оствари контакт меѓу врвните светски музичари и младите таленти кои ќе имаат можност да ги прошират своите уметнички видици, а исто така со концертните настапи да се претстават во јавноста. На денешната прес-конференицја, која се одржа во ОМУ „Методи…

повеќе...

Одржана прес-конференција поради некоректни новинарски прилози во кои се критикува Охрид

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески заедно со заменик министерот за економија Христијан Делев, денеска во Скопје одржа прес-конференција. Целта на средбата со новинарите од националните медиуми беше да се побијат неколкуте тенденциозни или во најмала мера некоректни новинарски прилози кои се појавија во екот на туристичката сезона, а во кои неосновано се критикува Охрид со што штетно се влијае на летната сезона во градов. „Се почна минатиот месец со наводно скапите цени на угостителските услуги, иако истите на пример се најмалку 2-3 пати поевтини од Грција за иста класа на…

повеќе...

Детските одморалишта на продажба – можност за интензивирање на туризмот

Една од стратешките определби на Владата на Република Македонија е реализација на политиките за раст и развој на туризмот, која се карактеризира со поголем број на мерки и активности, од чија што имплементација во последните неколку години имаме позитивни резултати за што најголем показател е континуираниот раст на дејноста и растот на бројот на туристите, рече на прес-конференција портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев. „Со цел продолжување на оваа позитивна практика, со цел давање на можности за збогатување на туристичката понуда, ослободување од дел од несуштинскиот имот кој…

повеќе...