Бови во Охридско езеро за поголема безбедност

Во тек е поставување на таканаречени бови во Охридско езеро во рамки на проектот на Министерството за транспорт и врски, кои треба да ја зголемат безбедноста во водите. Овие бови во Охридско езеро ќе се користат за да се обележи растојанието и правецот на движење на пловните објекти. „Бовите ќе се постават од Св. Наум, па се до Радожда. На овој начин ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во езерскиот сообраќај“, напиша министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на Фејсбук. Извор: Нет Прес

повеќе...

Егзотичен гуштер на една од охридските плажи

Камерата на WebOhrid сосема случајно пронајде егзотичен гуштер на една од охридските плажи, во близина на Градиште. На прв поглед обичен гуштер, за нијанса поголем од обичната гуштерица. Но, боите кои ги има овој гуштер на долниот дел од телото, го прави егзотичен. Од темно сино-зелена боја на главата и вратот до портокалова боја на стомакот. Овој мирољубив гуштер позираше пред нашата камера, на карпа покрај Охридското Езеро, впивајќи сончеви зраци на зајдисонце. Станува збор за Algyroides nigropunctatus, гуштер кој е застапен само на овие простори (Грција, Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна…

повеќе...

Поставени знаци на пристаништата, мостовите и плажите на Охридското Езеро

Во тек е поставување на знаци на сите пристаништа, мостови и плажи на Охридското Езеро. Знаците се однесуваат на учесниците во водениот сообраќај, но и за капачите на плажите, бидејќи вакви знаци освен на пристаништата и мостовите, поставени се и покрај плажите. Знаците се со најразлична содржина: Забрането пливање и нуркање, точка на застанување на брод со насока каде да се укотви бродот, сидро за усидрување на пловни објекти, забранета зона за пента и сл. Моментално вакви знаци се поставуваат само на Охридско Езеро, а знаците ќе останат трајно, односно и…

повеќе...

Во Пештани на зајдисонце

И ова лето: Во Пештани на зајдисонце. Не станува збор за некаква манифестација како онаа во Трпејца, туку само собир на жедни души, кои пиејќи пиво се освежуваат покрај Езерото. „Колку потопол ден – толку поголем број празни шишиња“. – велат пештанци. WebOhrid

повеќе...

Усвоени измените на Законот за туристичка дејност предложени од пратениците Николоски и Василевски, со кои се регулира дејноста на кајчарите

Како резултат на интензивните контакти со граѓаните, како и координацијата со локалнатасамоуправа, Министерството за економија и Пазарниот инспекторат, се дојде до зaклучок дека еден од најпрепознатливите белези на Охридското езеро како и на останатите две природни езера во Македонија, водениот превоз од мал обем со чамци тн. кајчиња не е соодветно законски регулиран. Заради ова оние кои вршат превоз се соочуваат со сериозни проблеми при вршењето на таа дејност. Со цел да се надмине оваа состојба, а и да се задржи и унапреди оваа туристичка понуда пратениците Александар Николоски и…

повеќе...

„Акватика“ врши упис на нови членови во школата за едрење

Клубот за спортови на вода „Акватика“ врши упис на нови членови на возраст од 7 до 12 години во школата за едрење која започнува на 15- ти јуни (понеделник) и ќе трае цело лето. Уписите ќе се вршат во просториите на клубот кој се наоѓа на плажа Горица 1, до поранешен х.Парк (Голден Бич) од денес 10-ти до 14-ти  јуни, од 11:00-17:00 часот. Школата за едрење се состои од 2 дела: теоретски и практичен. „Во теоретскиот дел се учат основните делови на едрилицата и нејзината опрема, основи на метеорологијата, основните едриличарски…

повеќе...

Една година прекуграничен Биосферен резерват Охрид-Преспа под УНЕСКО

Утре, 11-ти Јуни се одбележува една година од прогласувањето на регионот Охрид-Преспа за Прекуграничен биосферен резерват на УНЕСКО. Оваа одлука на 11-ти Јуни минатата година беше едногласно донесена на состанокот на Советот на МАБ Комитетот на УНЕСКО одржан во Јончепинг, Шведска. Номинациониот акт беше работен во текот на претходните 2 години во кој беа инволвирани домашни и меѓународни експерти, со поддршка на централната власти и на локалните самоуправи во регионот и од македонска и од албанска страна. Номинацијата беше испратена во УНЕСКО преку Билатералниот секретаријат за сливот на Охридско Езеро како носител и…

повеќе...

Првачињата од ОУ „Христо Узунов“ на прошетка со брод

Учениците од  прво одделение од ОУ „Христо Узунов“, заедно со нивните учителки Лидија Цветковиќ и Наташа Групчева Пупиноска, беа на прошетка по водите на Охридското езеро со бродот „Кристина Ројал“. Посетата беше организирана во соработка со родителите во согласност со проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, со цел учениците практично да ги применат знаењата од сообраќајот. Среќни и задоволни од нeзаборавното патување, учениците се упатија кон стариот дел на градот, кон нови доживувања. Од ОУ „Христо Узунов“ упатуваат голема благодарност до Капетанијата на град Охрид која им ја…

повеќе...

Утре завршна конференција „Можности за заштита на животнатата средина преку оптимално наводнување и ѓубрење“

Во тек е проектот Рационална употреба на вода за земјоделие во сливот на Охридското Езеро финансиран од CEPF (Critical Ecosystem Partnership Fund) кој започна во септември минатата година и ќе трае до јуни овој месец. „Претходните месеци организиравме 8 јавни дискусии во 8 села од сливот на Сатеска и Коселска Река. Организирани се и 2 обуки, во општините Дебрца и Охрид на тема: Наводнување и заштеда на вода, со цел адаптирање кон климатските промени. “- велат од Еколошко друштво Грашница, Охрид. Утре ќе се одржи завршната конференција на тема: „Можности за заштита…

повеќе...

Децата од градинката „Јасна Ристеска“ се запознаа со работата на Езерска полиција

Седумдесетина деца од предшколска возраст од детските градинки „Развигорче“, од централната во Охрид и подрачната градинка во Лескоец, денес имаа посета и едукативен час во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“. Со активностите на езерската полиција во заштита на државната граница и заштита на рибниот фонд на Охридското езеро како и за другите мерки и корисни информации поврзани со работата, денес најмладите ги запозна командирот на полициската станица за граничен надзор-самостоен инспектор Миле Колески. Командирот заедно со тимот на езерската полиција, на најмладите им покажаа и дел од опремата…

повеќе...