Третоодделенците од ОУ „Григор Прличев“ во посета на Жито Леб

Во рамки на наставната програма по предметот Природни науки учениците од трето одделение од ОУ „Григор Прличев“ Охрид денес беа во посета на АД „ЖИТО-ЛЕБ“ Охрид. Заедно со нивните наставнички учениците имаа можност да го видат процесот на производство на леб и бели пецива. Основците посетија различни погони за производство и пакување на различни видови на леб и пецива.  На крајот учениците беа почестени со вкусни пецива и си заминаа задоволни од посетата, секако понесувајќи со себе нови искуства и дополнителни знаења. WebOhrid

повеќе...

Проекција на рекламен спот на ОУ „Св.Климент Охридски“

Денес во просториите на ОУ „Св. Климент Охридски“ премиерно беше одржана проекција на новиот рекламен спот во рамките на кампањата на училиштето. Во него беа нагласени вредностите на ОУ „Св. Климент Охридски“ кое е единствено со тренд на зголемување на бројот на учениците што е доказ за континуирана напорна работа и целосна посветеност на учениците и родителите, училиште кое е единствено во градот оценето со највисоки оценки што е сон на секој наставник и вработен во училиштето, како и училиште кое е најбезбедно во градот, одделено од сообраќајниот метеж, а…

повеќе...

Учениците од ОУ „Григор Прличев“ дел од Велигденскиот саем

Учениците од  IV 2 одд. од ОУ„Григор Прличев“ се дел на манифестацијата „Велигденски саем” организирана од Локалната самоуправа, ЈП „Градски пазар“ и Општинската организација на Црвен крст. На плоштадот „Крушевска Република“, тие на штанд ги изложија своите Велигденски украси, ракотворби кои сами ги приготвија. „Велигденска мисија на нас ракотворците (учениците од IV 2 одд.од основното училиште ОУ„Григор Прличев“) продолжува овој пат овде заедно со вас почитувани посетители, наши сограѓани. Ги покануваме сите добри луѓе да го посетат овој штанд, а воедно и овој убав настан и да земат учество на Велигденскиот базар по…

повеќе...

Велигденски панаѓур во ОУ „Григор Прличев“

По повод најголемиот христијански празник Воскресение Христово (Велигден), денес традиционално во ОУ „Григор Прличев“ се одржа Велигденски панаѓур. На панаѓурот, на кој беа изработени творби од вредните раце на учениците, најмногу можеше да се забележат кошнички, декоративни и креативни Велигденски јајца, украси, но и се она што е поврзано со празнувањето за овој празник. Собраните средства од продадените производи ќе бидат донираат за хуманитарни цели. WebOhrid

повеќе...

Ученици од ОУТУ „Ванчо Питошески“ во посета на ФОН Универзитетот во Струга

Во просториите на ФОН Универзитет во Струга, учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид учествуваа на настанот Book Swap (Размена на книги) и Промоција на две книги од студентки на ФОН. Исто така се информираа за факултетите и условите за студирање кој ги нуди ФОН Универзитет-Струга.

повеќе...

Ученици од ОУ „Живко Чинго“ постигнаа голем успех на Регионалниот натпревар по математика

Викендов на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид се одржа XXXVI Регионален натпревар по математика за учениците од основното образование во учебната 2016/2017 година. На овој натпревар учествуваа ученици од IV до IX одделение од основните училишта од општините Охрид и Дебрца. На натпреварот учениците од ОУ „Живко Чинго” – Велгошти постигнаа голем успех.  1.Ангела Китрозоска IV одд.– ментор – Љубица Ангелоска Кркачоска – I награда 2. Марио Велкоски IV одд.– ментор – Елена Јорданов – II награда 3. Стефанија Речкоска IV одд.– ментор – Љубица Ангелоска Кркачоска – Пофалница…

повеќе...

Прво и четврто место за основци од „Григор Прличев“ на Државниот натпревар по германски јазик

На Државниот натпревар по германски јазик кој се одржа на 10.03.2017 год. во Гете институтот во Скопје ученичката Сара Ристова од ОУ „Григор Прличев“ го освои првото место со 99 бодови, додека ученикот Валентин Винченџи Маркулевски го освои четвртото место со 94 бодови. За овој успех е заслужна менторката Билјана Атанасовска.

повеќе...

ОСУ „Св.Климент Охридски“: Ги штитиме учениците од секаков облик на манипулација и нивна злоупотреба, а посебно во партиски цели

ОСУ „Св.Климент Охридски“ испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“ Охрид, е исклучително професионална институција која е целосно посветено кон заштита на учениците од било какви злоупотреби, а посебно од партиски. Училиштето постојано се залага за унапредување на целокупниот образовен процес, за почитување на човековите права и слободи и за манифестација на демократски креативни форми за хуманизација на општеството што е тесно поврзана со образовниот систем. Настојуваме да го усогласиме воспитанието и образованието со основните принципи на почитување на основните вредности на нашето општество, за…

повеќе...

СДСМ: Недозволиво е да се повикуваат ученици да напуштаат настава за да бидат дел од протести

ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Укажуваме дека директорот и надлежните во охридската гимназија „Свети Климент Охридски“ имаат должност да ги заштитат учениците од партиски злоупотреби. Недозволиво е ученици преку истакнати летоци да се повикуваат да напуштаат настава за да бидат дел од протести на кои се поттикнува и шири етничка и национална омраза. Во прилог е летокот кој е објавен и се дели меѓу учениците од втората смена. Никој нема право да ги манипулира и злоупотребува ученици за остварување партиски цели. Учениците, но и…

повеќе...

Основци од „Кочо Рацин“ дел од европскиот проект My Home

Ученици од ОУ „Кочо Рацин“ Охрид, периодов работеа на проект насловен „My Home“, преку STEM програмата. „Станува збор за двомесечен труд реализиран со учениците, кој е воедно нивно прво искуство со STEM програма. Во европското финале на проектот во Лондон учествуваат млади од основните, средните училишта и факултетите од повеќе земји од Европа.“- информираат од училиштето. Соработници во рамки на проектот се професорите по англиски јазик Марија Симиџиоска Стојаноска и Валентин Ристески. Ментор на учениците од IV2 одделение е наставничката Виолета Петковска.

повеќе...