Учениците од ОУ „Христо Узунов“ дел од кампањата „Од децата – за децата“

Учениците од Основното Училиште „Христо Узунов“ ја покажаа својата хуманост. Под мотото „ОД ДЕЦАТА -ЗА ДЕЦАТА“ во соработка со Црвен крст Охрид, основците од ова училиште се вклучија во кампањата за одбележување на Неделата за борба против гладта. Вработените и учениците и оваа година несебично и во рамките на своите можности собраа различни нерасипливи прехрамбени производи и средства за хигиена и облека. Од име на ОУ „Христо Узунов“ директорот Тони Симоновски упати голема Благодарност до учениците, родителите и колегите за овој хуман гест.

повеќе...

Средба на градоначалникот Јован Стојаноски со Шеикот Ал Тани од Катар

Градоначалникот Јован Стојаноски, денеска имаше средба со Шеикот Јасим Бин Хамад Ал Тани од Катар кој е заинтересиран за инвестирање во туризмот во Охрид. На средбата на која присуствуваа и претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, беа презентирани повеќе слободни локации за изградба на хотели во охридското подрачје. По презентацијата за можностите за инвестирање, високиот гостин од Катар посети неколку од предложените локации и најави дека за скоро време ќе го извести градоначалникот Стојаноски за неговите конкретни намери за инвестирање.

повеќе...

Во Охрид одбележан 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Јован Стојаноски и делегации на политичките партии и невладините организации, по повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, денес положија свежо цвеќе на спомен обележјата во Градскиот парк. На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на…

повеќе...

Во среда повторно ќе биде изведена „Аналфабет“ пред охридската публика

Во среда, 25ти октомври, на репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид повторно ќе биде изведена претставата „Аналфабет“- комедија работена според Бранислав Нушиќ, во режија на Ѓорѓи Ризески. Претставата ќе биде со почеток во 20:00 часот. Бесплатен влез за студенти. Во претставата играат: Горан Стојаноски како Максим Благадуша, Никола Тодороски како Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски како Румен Вујаклија, Елизабета Стефановска како Магдалена Лапајкоска – Дупева. Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев. Картите се по цена од 150 денари. Претставата не е за лица помлади од 14 години. Во истата се…

повеќе...

Двајца работници повредени при изведување градежни работи на автопатот Кичево-Охрид

Вчера околу 12:30 часот, при изведување на градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, на место викано „Лавчани“, работниците М.А. (53) од Дебар и В.Љ. (57) од с.Могорче, дебарско, биле удрени од црево кое било под дејство на компромиран воздух. Тие биле пренесени во Медицински центар Кичево каде им била укажана лекарска помош. Кај лицето М.А. биле констатирани тешки телесни повреди на главата, по што бил препратен во Ургентен центар Скопје, а кај В.Љ. биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото на…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид со честитка по повод 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба

По повод празникот 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба, ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати честитка во која стои: „ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита празникот 23 Октомври – Денот на македонската револуционерната борба. Овој ден не потсетува на решителноста и одлучноста и пожртвуваноста на нашиот народ во стремежот за слобода и за своја независна држава. Симбол на непокор, патриотизам и правда. Денес им оддаваме почит на шесте великани кои ги удрија темелите на македонската револуционерна борба, кои преку Илинденското востание, а потоа и НОБ и 8 септември, израснаа…

повеќе...

Убавица на четири тркала

Најчесто автомобилите ги нарекуваат „убавец на четири тркала“. Но, и покрај тоа што станува збор за „Спарк“, нашиот сограѓанин решил својот автомобил да го направи убавица со тоа што му ставил трепки на неговите предни фарови. WebOhrid

повеќе...

Осветен храмот „Воскресение Лазарево“ во Охрид

Денес на денот кога го прославуваме споменот на преп. Пелагија, преп. Таиса и на св. мч-чка Пелагија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј го освети храмот „Воскресение Лазарево“ на Градските гробишта во Охрид. Храмот започна да се гради на 29 август 2004 година, по иницијатива на иницијативниот одбор на чело со Митрополитот Тимотеј, а се изгради со особен финансиски придонес на компаниите „Митан-пром“ од Охрид, на чело со Перо Митан и на „Ремис“ од Охрид, на чело со Бошко и Олга Илоски, како и со финансиски средства од…

повеќе...

ОУ „Григор Прличев“ се вклучи во кампањата „Од децата – за децата“

Под мотото „ОД ДЕЦАТА – ЗА ДЕЦАТА“ во соработка со Црвен крст Охрид училиштето „Григор Прличев“ се вклучи во кампањата за одбележување на Неделата за борба против гладта (16-22 октомври). Вработените и учениците и оваа година несебично и во рамките на своите можности прибраа различни прехрамбени производи и средства за хигиена. Производите беа подигнати од страна на волонтерите на општинскиот Црвен крст каде понатака би ги спакувале во соодветни картонски кутии кои ќе им бидат поделени на децата од социјално најзагрозените семејства. Ваквите акции го подигнуваат нивото на свест кај…

повеќе...

Спроведена хуманитарна акција „Од децата за децата“ во ОУТУ „Ванчо Питошески“

Под мотото „Од децата- за децата“ во рамките на ОУТУ „Ванчо Питошески“ се спроведе хуманитарна акција за помош на децата од социјално најзагрозените семејства во општина Охрид, со што се одбележа „Недела на борба против гладта (16-22 октомври)“. Целта беше да ја поттикне хуманоста кај младите и преку конкретни дела да се покаже солидарноста и грижата за нашите сограѓани и деца кои живеат во тешки социо- економски услови и секојдневно имаат проблеми како да се прехранат. „Невидливи, стопени од сиромаштија стотина, илјада луѓе не знаат дали денес ќе јадат. Тажно е што…

повеќе...